Библиотека Другарче

Библиотека Другарче

Share

Библиотеката е лоцирана во Карпош 3 и ви нуди богат избор на разновидна литература за сите возрасти

Photos from Библиотека Другарче's post 01/06/2026

По повод Меѓународниот ден на заштита на детето, дворот на библиотеката беше исполнет со детска смеа, радост и шарени цвеќиња. Благодарение на прекрасното дружење со дечињата од игралната „Другарче“, реализиравме весела и едукативна активност исполнета со насмевки, игра и многу цвеќиња.

Детето е најнежниот цвет што треба да го чуваме, негуваме и заштитуваме. Секое дете заслужува безгрижно детство, љубов, внимание и свет исполнет со убавина. Токму затоа, преку симболичното садење и дружење со природата, децата научија дека како што се грижиме за нивната иднина, така треба да се грижиме и за природата што ги опкружува.

Заштитата на природата значи заштита на светот во кој растат децата — свет полн со чист воздух, бои, живот и надеж. 🌸🌿👧🧒 .brakja.miladinovci

Photos from Библиотека Другарче's post 28/05/2026

Во пресрет на летото, деновите во игралната ги исполнуваме со креативни активности, дружење и весела атмосфера. 🌈🎨🧸

Играта е најубав начин да го дочекаме летото! 💛

26/05/2026

Прославуваме уште една успешна година, исполнета со игра, радост, насмевки, другарувања, песни.

Денот ќе го паметиме по убавата дружба, музика, кореографија, рецитал, аплаузите на родителите и по некоја солза радосница.

Драги другарчиња, ви благодариме што заедно во нашата Игрална создадовме безбедно и топло место за учење и раст. Ви благодариме што го разубавувавте секојдневието на Библиотека Другарче и што токму од тука почнавте да градите спомени.

Учителката Александра и целиот тим од срце ви посакуваат успешно да чекорите кон иднината, среќно кон новите предизвици и никогаш да не го заборавите вашето Другарче. .brakja.miladinovci #игралнаДругарче

Photos from Библиотека Другарче's post 24/05/2026

Честит 24 Мај — Денот на македонските и сесловенски просветители, солунските браќа Свети Кирил и Методиј.

Нека нивното дело и понатаму нè инспирира да го чуваме јазикот, книгата и љубовта кон пишувањето. 📚

По повод празникот, библиотека „Другарче“ денес ги споделува творбите на учениците — добитници на Гран при наградите од нашиот традиционален конкурс, кој секоја година се одржува во пресрет на овој голем ден.

Photos from Библиотека Другарче's post 20/05/2026

Традиционално, и оваа година во библиотека Другарче по 15-ти пат се одржа литературниот конкурс по повод празникот Св. Кирил и Методиј.

Темата на која твореа учениците од основните училишта од Општина Карпош беше: „Разговор со омилен лик од книга“.

Конкуренцијата беше голема, а талентот и креативноста на високо ниво. Комисијата имаше тешка задача, но посвети време и внимание на внимателно разгледување на творбите

📖 Гран при за проза – Михаил Јачовски
„Разговор со Григор Прличев“

„- Учителе - му се обратив тивко. Дали вредеше борбата ако светот пак заборава?‭ ‬ Тој ‭ ‬молчеше.‭ ‬ Погледот‭ ‬ ‭ ‬му‭ ‬ ‭ ‬беше‭ ‬ ‭ ‬длабок, ‭ ‬а‭ ‬ во‭ ‬ ‭ ‬него‭ ‬ ‭ ‬се прекршуваа и Охрид и туѓината и една долга, недоискажана болка што
не старее. Заборавот - рече тивко. Не е крај, туку испит. Не се борев за да ме паметат, туку за да не замолкне зборот што го носиме во крвта и во нашата ДНК. Му пријдов поблиску, со чувство дека ‭ ‬не ‭ ‬стојам‭ ‬ ‭ ‬пред човек, туку пред тежина од време, пред глас што не згаснува и кога телото ќе исчезне. “

✒️ Гран при за поезија – Ангела Стојаноска.
„Разговор со Крсте Петков Мисирков“

„И запомни дека, нашиот јазик и идентитет
се нешто најсвето.“
Па додаде, моќно
,,И уште едно да ти кажам,
и тука не е крај
дека се додека и последниот Македонец на нозе стои,
нашиот јазик меѓу најубавите ќе се брои.
,,Зашто ние сме преживеале се и сешто,
секаков тиран и робја,
А сепак сме го зачувале нашето
И со војна и со борба.,,
,,Не се откажувај“,-рече тогаш
„Јазикот постои не само кога го зборуваш
туку и кога в срце го носиш сегде“

Благодарност до драмската секција „Глумци од утре“, предводена од нивната менторка Mathilde Gashpar Bajkova, кои со својата прекрасна точка дополнително го збогатија настанот. 💛

Искрена благодарност и до сите наградени ученици и ментори кои со својата креативност, труд и љубов кон пишаниот збор беа дел од овој прекрасен настан. ✨
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје

Photos from Библиотека Другарче's post 19/05/2026

Во Библиотека Другарче беше реализирана посета, читање и креативна работилница посветена на книгата „Кики, ние те сакаме!“ од Мелита Рундек.
Настанот беше реализиран во соработка со Чудна шума , Билјана Црвенковска и илустраторката Ванда Чижмек . 📚✨

14/05/2026
11/05/2026

✨Нови наслови постојано го надополнуваат нашиот книжевен фонд. Ве очекуваме 📚 .brakja.miladinovci
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје

Photos from Библиотека Другарче's post 05/05/2026

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, со дечињата од игралната „Другарче“ читавме, зборувавме и раскажувавме на македонски јазик. 📚
Преку сликовници учевме нови зборови, ја развивавме фантазијата и љубовта кон мајчиниот јазик.🇲🇰

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Никола Русински 1
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 19:30
Tuesday 08:00 - 19:30
Wednesday 08:00 - 19:30
Thursday 08:00 - 19:30
Friday 08:00 - 19:30