Ноќно миење на булеварите во Карпош 💦
#чисткарпош
#Хигиена
#СеГрижиме
Општина Карпош
Општината Карпош е формирана на 3 ноември 1976 година со Законот за формирање на општини на Град Скоп
Општината Карпош е формирана на 3 ноември 1976 година со Законот за формирање на општини на Град Скопје и за утврдување на нивните подрачја ("Службен весник на СРМ" бр.8/76).
Најголемиот дел од подрачјето на кое е формирана општината го носело името Карпош кое е заедничко име (прекар) на две значајни личности од историјата на македонскиот народ:
Карпош - војвода, кој во 1689 година бил водач на
🌿Секој ден на терен за чист и зелен Карпош
Кастрење дрвја ✔️
Косење ✔️
Чистење на јавните површини ✔️
📍Карпош 4
📍Тафталиџе 2
12/06/2026
СООПШТЕНИЕ
❗️Општина Карпош изразува сериозна загриженост за зачестените случаи на вандализам и оштетување на урбаната опрема и детските игралиштата на цела територија на општината.
Во изминатиов период е евидентирано оштетување на клупи, корпи за ситен отпад, паркинг држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити и останата урбана опрема.
🛑💡Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на малолетни деца, дополнително ја отвара потребата од поголема грижа, одговорност и превенција. Покрај нанесената материјална штета, овде станува збор и за сериозно загрозување на безбедноста по сите граѓани на јавниот простор.
❗️Сите досега евидентирани случаи се пријавени до Полициска станица Карпош од каде што добивме известување за поголемо присуство на полициските служби на терен како и расчистување на овие случаи.
📢Апелираме до сите граѓани за совесно и одговорно однесување кон урбаната опрема и јавниот простор како наш заеднички имот и навремено пријавување на секој случај на вандализам до надлежните служби.
📢Апелираме и до родителите за поголема информираност за движењето и однесувањето на нивните деца, како и разговори за значењето од зачувувањето на јавниот простор и последиците од несоодветното однесување.
Да го чуваме заедничкиот простор затоа што јавниот имот е одговорност на сите нас. 🌳
11/06/2026
🕊️ 14-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗАПОЧНА СО ЕДНОМИНУТНО МОЛЧЕЊЕ ВО ЗНАК НА ПОЧИТ КОН ЗАГИНАТИТЕ ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА
Советот донесе одлука за доделување еднократна парична помош од 100.000 денари по лице за семејствата погодени од трагедијата.
Меѓу клучните одлуки беа и:
✅ измени во програмите за социјална заштита и образование за 2026 година;
✅ усвојување правила за примена на урбанистичките планови;
✅ одлуки за користење на училишниот простор во основните училишта;
✅ прифаќање донација за изградба на фекална канализација во Влае;
✅ донација за опремување сензорна соба во ООУ „Лазо Трповски“.
Повеќе инфо на 👉 https://shorturl.at/RBy79
11/06/2026
(Живо) Седница на совет на Општина Карпош
14-та седница на советот на Општина Карпош 14-та седница на советот на Општина Карпош
10/06/2026
Карпош превзема мерки за заштита од змии❗
🤝Во соработка со Центарот за јавно здравје, започнавме акција за поставување на „Репелент“ – средство за превенција и заштита од змии.
Акцијата започна денес на територија на Козле, а во наредните денови ќе продолжи низ целата територија на Карпош.
Производот е безопасен за луѓето, животните и околината, а ја намалува појавата на влекачи.
✔ Се грижиме за безбедноста на нашите жители!
🌿 Екипите на терен спроведуваат активности за кастрење и расчистување на зеленилото на платото кај Педагошка.
Со редовно одржување на јавните зелени површини придонесуваме за поуредна, побезбедна и попријатна средина за сите граѓани. 🍃
#Карпош #ЈавноЗеленило #УреденКарпош #НаТерен 🌱
10/06/2026
🚧ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ТРИ УЛИЦИ ВО БАРДОВЦИ
📍Општина Карпош ги започна градежните активности за подготивка за асфалтирање на улиците 5, 6 и 7 во у.з. Бардовци, во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“.
⛏️Станува збор за инфраструктурен зафат со вкупна должина од 663 метри, на подрачје кое досега не беше инфраструктурно уредено.
🤝Вредноста на проектот изнесува 28.4 милиони денари, средства обезбедени од Владата, преку јавен повик на кој Општина Карпош аплицираше со сопстрвен проект.
✔️Со реализација на овој проект ќе се подобри пристапноста и повтрзаноста на овој дел од Бардовци со основното училиште градинката и останатиот дел до населбата.
🏡Создаваме подобри услови за живот и ја развиваме локалната самоуправа.
🌿Службите за одржување на јавното зеленило и хигиената на терен во Козле (ул.Јуриј Гагарин)
✅кастрење на дрвјата
✅чисти и уредни тротоари
📍Одржувањето на зеленилото и јавната хигиена се наш приоритет
#чисткарпош
#ЗеленКарпош
#СеГрижиме
🛝 Целосно реконструирано детското игралиште во ООУ ,,Јан Амос Коменски"
-Поставени нови реквизити
-Создаваме услови за најмладите
-Инвестираме во нашата младина
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Никола Русински бр. 11
Skopje
Opening Hours
| Monday | 07:30 - 15:30 |
| Tuesday | 07:30 - 15:30 |
| Wednesday | 07:30 - 15:30 |
| Thursday | 07:30 - 15:30 |
| Friday | 07:30 - 15:30 |
