09/10/2020
Голема благодарност до издавачката куќа „Антолог“, која во рамките на проектот „Читаме заедно! / United we read!“ поддржан од 🇪🇺, во нашата библиотека донираше свои популарни изданија од областа на белетристиката, популарната психологија, литературата за деца и литературата од македонски автори, со цел промоција на читателските навики.
Се надеваме дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина, за доброто на сите читатели.
16/07/2020
🆓📚 Библиотеката "Славко Јаневски“ продолжува со работа со задолжително почитување на протоколот за функционирање на библиотеките:
🔺 Се препорачува позајмувањето да го извршите шалтерски
🔺 Задолжително носење маска преку устата и носот
🔺 Дезинфекција на рацете при влегување во библиотеката
🔺 Одржување на физичко растојание од 2 метри
🔺 Во библиотеката истовремено може да биде присутен само еден корисник
🔺 Овозможено е само враќање и позајмување книги, читалната што е во склоп на библиотеката НЕ Е ВО ФУНКЦИЈА
РАБОТНО ВРЕМЕ 📅 понеделник - петок ⏰ 12:00 - 20:00
07/06/2020
Јубилеј - македонскиот правопис денеска слави 75 години
„Јазикот е наша татковина“. Оваа реченица на Блаже Конески никогаш не треба да стане клише
23/04/2020
Нека нѝ е честит Светскиот ден на книгата 📚🌺
Светски ден на книгата и авторското право | Академик
Денеска е Светскиот ден на книгата и авторското право, кој во Македонија се одбележува во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопј...
16/01/2020
100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
Вчера (15 јануари) 15-тина македонски поети и писатели ја чествуваа стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски. Поетското читање, насловено како „Произведувачи на зборот“ се одржа во галерискиот простор на Културно-информативниот центар во Скопје. На присутните им се обрати Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Претходно членови на семејството на Славко Јаневски, делегација на Фондацијата, градоначалникот на Општина Центар - Саша Богдановиќ, како и повеќе други пријатели и почитувачи на ликот и делото на Јаневски положија цвеќе пред неговиот споменик.
22/11/2019
Последниот ден од "Денови на книгата во Центар" го поминавме со презентација на едицијата илустрирани бајки од Браќата Грим, од страна на Светлана Димовска.
Во оваа прилика сакаме да им заблагодариме на сите издавачки куќи кои учевствуваа во овој проект (Светот на Биби, Полица, Издавачка куќа Магор), се надеваме дека успеавме да ги поттикнеме децата повеќе да ја засакаат книгата и да ја почувствуваат нејзината магија.
21/11/2019
Промоција на детски книги "Што сѐ Ана знае", напишана од страна на детски психолози од 🇷🇸, а кај нас преведена и адаптирана од страна на Александар Прокопиев. Гости нѝ беа децата од 2ро одделение од ООУ"Гоце Делчев".
19/11/2019
Претставување на творештвото на македонските реномирани автори Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев на учениците од 9то одделение од ООУ"Коле Неделковски".
15/11/2019
Во рамките на проектот "Денови на книгата во Центар" беше одржан разговор со проф. д-р Marija Girevska, автор на преводот на "Улис" од Џејмс Џојс, во издаваштво на Полица, заедно со учениците од 1ва година од СУГС Гимназија ЈОСИП БРОЗ ТИТО-Скопје.
11/11/2019
Неделата на "Полица" ја започнавме со седмоодделенците од ООУ "Ј.Х.Песталоци" на кои им беше презентиран серијалот книги за деца од Луси и Стивен Хокингс за Џорџ.
Овие како и многу други изданија на "Полица" може да се купат во нашата читална, оваа недела по саемски цени, со 20-30% попуст.