07/08/2019
Претставници од Државниот завод за ревизија (ДЗР) беа на студиска посета во Бугарскиот национален завод за ревизија (БНЗР) од 29 јули до 1 август. Целта на посетата беше да се претстават искуствата на БНЗР при вршење на различни видови на ревизии, како и ревизорската методологија и новите промени на стандардите ISSAI.
26/07/2019
Во рамките на активноста 2.8 од Твининг проектот, на 25 јули 2019 г. се одржа конференција за презентирање на резултатите од 6 пилот-ревизии.
16/07/2019
Од 10 до 12 јули се спроведуваше последната мисија од активноста 4.3 за подобрување на дизајнот и функционалноста на веб-страницата на ДЗР. За време на мисијата со експертка од Бугарија, беа дадени заклучоци и препораки за подобрување на веб-страницата на ДЗР, а беше направена и компаративна анализа на дизајнот, содржината и функционалноста на веб-страниците на други врховни ревизорски институции.
12/07/2019
На 11 јули им беа доделени сертификати на ревизорите од ДЗР кои успешно ја завршија обуката за откривање на неправилности и корупција во јавниот сектор (активност 2.4 од проектот). Обуката ја водеа експерти од Националниот завод за ревизија на Финска.
03/07/2019
Од 1 до 3 јули се спроведува последната мисија од активноста 4.3. Целта на оваа активност од проектот е ревидирање и ажурирање на тековната комуникациска компонента во рамките на стратешките документи на ДЗР за следниот циклус на стратешко планирање 2018-2022.
02/07/2019
Ревизори од ДЗР заедно со ревизори од од Хрватска работат на спроведувањето на пилот-ревизијата на успешност на ефективноста на политиките, мерките и активностите за доделување договор за јавна набавка на јавните претпријатија на град Скопје (1 до 4 јули 2019 г.).
02/07/2019
Како дел од активноста 1.3 од твининг проектот, во периодот од 24 до 27 јуни се спроведуваше мисија за разгледување на процесот на изработка на методолошките акти и дополнителни одредби од Правилникот за начинот на вршење на државната ревизија поврзани со процесите на стратешко и годишно планирање.
02/07/2019
Успешно завршена обука за ревизија на успешност и за ревизија на средства на ЕУ со обучувачи од Националниот завод за ревизија на Бугарија (24-27 јуни 2019 г.).
26/06/2019
Од 10 до 12 јуни се спроведуваше активноста 3.6 од твининг проектот за изработка на конечен извештај за подобрување на институционализацијата на односите со Собранието, и за соработката помеѓу Собранието и ДЗР. Во текот на мисијата беше одржан и состанок со членовите на комисијата за финансирање и буџет од Собранието, ревизори од ДЗР и експерти од Хрватска.
26/06/2019
За време на осмата мисија од активноста 1.4 (10-13 јуни), ревизори од ДЗР и од Бугарскиот национален завод за ревизија дискутираа за процесот на следење на спроведувањето на препораките од двете пилот-ревизии на регуларност: пилот-ревизијата на регуларност на Министерството за транспорт и врски и пилот-ревизијата на регуларност на Агенцијата за супервизија на осигурување.
13/06/2019
На 12 јуни се одржа шестиот состанок на управниот комитет на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и
ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење
на надворешна ревизија“.
27/05/2019
На 27 мај започна спроведувањето на мисијата посветена на процесот на изработка на ревизорскиот извештај за пилот-ревизијата на регуларност на Министерството за транспорт и врски. Во мисијата, која е дел од активноста 1.4 од твининг проектот, учествуваат ревизори од ДЗР и експерти од Бугарија, а ќе се спроведува до 30 мај 2019 г.