28/05/2025
Европскиот парламент на пат да го признае македонскиот јазик и идентитет во новиот извештај, на иницијатива на европратеникот Вајц од З
Во Европскиот парламент е во тек процесот на усвојување на извештајот за напредокот на Северна Македонија во приближувањето кон Европската Унија. Овој
17/05/2025
🌈 Денес, на 17 мај, по повод Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија, упатуваме силна поддршка за правата и достоинството на ЛГБТИ+ заедницата.
✊ДОМ се залага за општество во кое секој човек може слободно без страв и предрасуди да живее, љуби и постои.
❌Дискриминацијата и насилството немаат место во демократска и праведна држава.
🏳️🌈Борбата за еднаквост е наша заедничка одговорност.
18/03/2025
ДОМ бара промена на политичкиот систем кој ги суспендираше институците • ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА
Итно да се пристапи кон промена на изборниот модел во државата со цел да се отвори можност квалитетни, компетентни и надпартиски кадри да добијат
16/03/2025
Трагедијата во Кочани е неизмерна загуба за семејствата на настраданите и за целото општество. Загубата на млади животи остава неизмерна болка и во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката.
Упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.
Солидарноста и заедништвото се клучни во вакви ситуации. Потребно е сите – институции, граѓани и заедницата – да се обединиме во помош на настраданите и нивните најблиски 🙏🖤
24/02/2025
Горан Максимовски
🍀МОДОМ🍀
17/02/2025
ДОМ: Не за промена на државниот грб • ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА
За ДОМ е неприфатлив предлогот за промена на државниот грб и ја повикува власта да не прави дефокус на јавноста од потребата да се фати во борба против
31/01/2025
Секој од нас може да биде Фросина!
ДОМ изразува најдлабоко сочувство до семејството и блиските на младата Фросина, чиј живот беше насилно и неправедно одземен на скопските улици. Овој трагичен настан е уште еден болен потсетник на несоодветниот однос кон безбедноста во сообраќајот и недоволната заштита на пешаците во нашите градови.
ДОМ долго време алармира за хаосот во сообраќајот, недостатокот на соодветни санкции за несовесните возачи и игнорантниот однос кон одржливи, безбедни и хумани урбани политики. Бараме итна и ригорозна примена на законите, засилена контрола од страна на институциите и воведување на мерки кои ќе го штитат животот на пешаците и велосипедистите.
Ние се залагаме за градови по мерка на човекот, каде што приоритет ќе имаат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз, наместо доминацијата на возилата и културата на брзо и безобѕирно возење. Државата мора да преземе одговорност и да стави крај на оваа црна статистика, која секојдневно одзема млади животи.
Правдата мора да биде задоволена, а одговорните најстрого санкционирани. Но, истовремено, мораме како општество да направиме системски промени за никогаш повеќе да не изгубиме млад живот на ваков суров начин.
15/01/2025
Томас Вајц од Европските зелени со силна поддршка за евроинтеграцијата на Македонија • ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА
На денешната седница на Европската комисија за надворешни прашања на која една од точките била посветена на проширувањето и интеграцијата на земјите од
31/12/2024
💚Во духот на надежта и одржливоста, Ви посакуваме година исполнета со здравје, љубов и успеси.
Заедно, да продолжиме да создаваме подобра иднина за сите нас – со чиста животна средина, праведно општество и одржливи политики.
Нека 2025 биде година на нови зелени хоризонти!