СЕПУГС Васил Антевски Дрен

СЕПУГС Васил Антевски Дрен

Share

Официјална страна на Средно економско правно училиште

Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ постои уште од 1913 година, кога е формирано како двегодишно трговско училиште. Две години подоцна прераснало во Трговска академија, во која школувањето се одвивало 4 години. За време на окупацијата училиштето било претворено во Трговска гимназија во која школувањето траело 5 години. По ослободувањето било преименувано во

Photos from СЕПУГС Васил Антевски Дрен's post 11/06/2026

На 9 мај се одржа Државниот натпревар по англиски јазик и нашите ученици Јана Костова од III-7 и Дарко Наумов од III-4 во силна конкуренција со ученици од целата земја освоија втора награда и покажаа одлично познавање на англискиот јазик, посветеност и труд.
Честитки и до помладите Ана Грбиќ и Мила Игњатовска од II-7 кои на регионалниот натпревар освоија трета награда и им посакуваме многу успех во следниот циклус натпревари.

10/06/2026
Photos from СЕПУГС Васил Антевски Дрен's post 10/06/2026

Потпишан Меморандум за соработка со компанијата Крестон Македонија, членка на меѓународната мрежа Крестон Глобал, претставувана од страна на основачкиот партнер г-дин Ненад Тортевски. Ненад истовремено ја извтшува функцијата претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРСМ).
Овој настан има посебно значење за нашето училиште, бидејќи Ненад е поранешен ученик на „Дрен“, кој денес е препознаен како врвен професионалец во областа на ревизијата и финансиите. Неговото враќање во училишните клупи – овојпат како предавач и партнер – е доказ дека знаењето, трудот и посветеноста отвораат пат кон големи достигнувања.
Во рамките на посетата, учениците од трета година имаа можност да присуствуваат на инспиративно предавање за значењето на континуираното учење, личниот развој, изборот на вистински ментори и градењето успешна кариера. Тие добија драгоцени совети директно од професионалец кој својот успех го изградил токму врз темелите поставени во нашето училиште.
Потпишаниот меморандум претставува нова можност за унапредување на практичната настава, поврзување на учениците со реалниот сектор, развој на професионални компетенции и создавање нови можности за кариерен развој. Ваквите партнерства ја потврдуваат нашата заложба образованието да биде тесно поврзано со потребите на современиот пазар на труд.
Горди сме кога нашите поранешни ученици стануваат лидери во своите професии и уште повеќе кога избираат да се вратат и да инвестираат во идните генерации.
Заедно градиме знаење, професионалност и иднина.
#ВасилАнтевскиДрен

Photos from Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski's post 09/06/2026
Photos from СЕПУГС Васил Антевски Дрен's post 04/06/2026

Успешно завршија јазичните обуки за учениците од втора година од дигиталниот смер, реализирани во рамките на проект поддржан од Француското министерство за Европа и надворешни работи, Амбасадата на Франција, Францускиот институт и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Целта на проектот беше да се истакне значењето на изучувањето на втор странски јазик и да се развиваат професионалните компетенции на учениците поврзани со нивната струка.

Обуките ги реализираа г-ѓа Силви Диспанс, експерт во областа на дигиталниот маркетинг, и г-ѓа Марина да Коста, експерт за јазични обуки. Учениците имаа можност да усвојат стручна терминологија и комуникациски вештини на француски јазик поврзани со нивната идна професија.

Денес на учесниците свечено им беа врачени дипломи од Францускиот институт во Скопје. Им честитаме на сите ученици за нивната посветеност и успех!

Photos from СЕПУГС Васил Антевски Дрен's post 28/05/2026

Учениците од I-2, I-3 и I-14 паралелка, ја проследија театарската претстава „Челинџ“ во Театарот за деца и младинци. Претставата кај учениците предизвика голем интерес и отвори можност за размислување и дискусија за темите што ги обработува. Посетата претставуваше убаво културно и едукативно искуство за сите присутни.

27/05/2026

Со големо задоволство информираме дека имплементацијата на активностите од проектот ,,CAGEA - Кариерно советување од рана возраст“ се одвива успешно и веќе се наоѓа во завршна фаза. Во изминатиот период беа реализирани бројни активности, со активна вклученост на наставници, ученици и партнери, а резултатите веќе почнуваат да се забележуваат. 🌍

Во моментов активно се подготвува и третиот партнерски состанок, на кој ќе се дискутираат досегашните резултати, понатамошните активности и следните чекори за успешна реализација и одржливост на проектот. 🤝

Благодарност до сите партнери, наставници и учесници за посветеноста, соработката и поддршката во текот на целиот процес.

Продолжуваме заедно кон нови успеси и позитивни промени!

Photos from СЕПУГС Васил Антевски Дрен's post 26/05/2026

На ден 26.05.2026 година, во просториите на ,,Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија” се одржа свечено доделување на награди на конкурсот на тема „Холокаустот низ призмата на детските очи“ за изработка на ликовни, литературни творби и краткометражни документарни филмови .
На конкурсот учествуваа голем број ученици од повеќе училишта од Република Македонија кои преку својата креативност, истражување и уметнички израз ја прикажаа трагедијата на Холокаустот од перспектива на младите.
Нашето училиште освои прво место со краткометражниот филм „Под исто небо“ кој остави силен впечаток кај жири-комисијата со својата емотивна приказна, оригинално сценарио и внимателно изработена драматизација.
Во реализацијата на филмот учествуваа учениците од трета година.
Сценарио:Бојана Стојковиќ
Главни ликови: Ангела Блажевска, Ива Стефновска, Стефанија Бошковска, Илија Буцевски и Марко Величковски.
Споредни ликови: Глорија Трендафилова, Јана Китановска, Моника Тапарчевска, Деница Денковска и Христина Боцевска.
Камера:Ана Марија Стамчевска и Бојана Стојковиќ.
Наратор:Давид Арсов
Жири-комисијата упати особени пофалби за филмот, истакнувајќи:
„Овој филм е зрел, филмски убедлив и емотивно силен. Средношколците не само што ја разбраа задачата, туку ја надминаа – преку одлична драматизација и сопствено сценарио, внесоа лично гледиште за судбината на македонските Евреи. Со внимателна работа и користење на стари и нови технологии, оригинални и артифициелни кадри на вистинско место, со добар звук и монтажа, филмот покажува вистинска авторска зрелост и длабока почит кон жртвите. Заслужено е победник.“

Овој успех претставува голема чест и гордост за нашето училиште, како и поттик за учениците и понатаму преку уметноста, креативноста и тимската работа да испраќаат силни пораки за човечност, почит и сеќавање

26/05/2026

Во рамки на Erasmus+ проектот
„Empowering VET Students with Digital, AI and Entrepreneurial Skills for Tomorrow’s Jobs“,
учениците од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ учествуваа на меѓународен проектен натпревар организиран во Техничкото училиште „Иван Сариќ“ во Суботица, Србија.

На настанот беа презентирани бројни ученички проекти од повеќе училишта и држави, а нашите ученици постигнаа значителен успех освојувајќи ВТОРО МЕСТО во категоријата „Информатика“ со проектот:

„Апликација за автоматизација на училишна библиотека“

Натпреварот беше дел од проектната недела посветена на иновации, дигитални технологии, вештачка интелигенција и претприемништво, каде учесниците ги презентираа своите идеи, креативност и практични решенија преку тимска работа и јавни презентации.

Проектот беше високо оценет поради неговата функционалност, иновативност и можност за практична примена во образовниот процес.

25/05/2026

На Наставничкиот совет одржан на 22.05.2026 година, ученичката Ангела Трпеска од IV-1 клас, беше прогласена за ученик на генерацијата 2022-2026 во СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“.
Оваа престижна титула припадна на ученичка која со своето знаење, извонреден труд и огромна посветеност остави траен белег во училиштето.
Ангела на секоја задача ѝ пристапуваше сериозно и одговорно, докажувајќи дека успесите се градат со дисциплина и континуирана работа.

Нејзиниот ангажман опфаќа импресивна низа од активности и успеси. Таа се истакна на државните натпревари на Машински факултет, МАССУМ, Junior Achievement, на натпреварите по економска географија, како и по македонски јазик и литература. Посебен успех постигна со учеството на Државната и Меѓународната економска олимпијада, а својот претприемачки дух и аналитичко размислување ги покажа на бројни хакатони и проекти како UPSHIFT. Покрај тоа, Ангела беше активен двигател на безброј училишни активности и ја покажа својата висока општествена одговорност преку волонтирање во Go Green – Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина.

Со своите успеси таа достојно го претставуваше училиштето и беше пример дека знаењето, трудот и посветеноста секогаш го наоѓаат патот до признанието. Нејзиниот успех не е само лично постигнување, туку и гордост на целото училиште, на професорите и на сите кои имаа можност да го следат нејзиниот развој.

На Ангела ѝ посакуваме многу среќа во понатамошното образование.
Воопшто не се сомневаме дека нејзиното идно школување ќе биде исто толку успешно, забележано и инспиративно!

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Улица Вера Јоциќ Бр. 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:45 - 19:40
Tuesday 07:45 - 19:40
Wednesday 07:45 - 19:40
Thursday 07:45 - 19:40
Friday 07:45 - 19:40