Liberalno Demokratska Mladina-LiDeM

Liberalno Demokratska Mladina-LiDeM

Share

Кликни лајк за либерални младински идеи!

Зајкова: Секој граѓанин лани им подарил на банките суми кои значат една „тринаесетта пензија“ или „зголемена плата“ 18/06/2026

Зајкова: Секој граѓанин лани им подарил на банките суми кои значат една „тринаесетта пензија“ или „зголемена плата“ „Три години по ред, ЛДП ја води оваа битка во Собранието, а три години по ред сведочиме како мнозинството гласа против граѓаните, а за профитите на банките. Додека д....

Зајкова: Нема потреба од предвремени избори, мандатот се добива на 4 години - Либерално демократска партија 14/06/2026

Зајкова: Нема потреба од предвремени избори, мандатот се добива на 4 години - Либерално демократска партија „Мене ми е искрено многу жал што само ЛДП како партија зборува за кратење на нерационалните трошења во државава затоа што треба да говориме со факти – дали имаме р....

10/06/2026
05/06/2026

Или сте за граѓаните или сте на страна на профитерите… Донесете го законот!
Кога Либерално Демократска Партија ЛДП алармираше – нѐ игнорираа. Кога прв пат предложивме закон за укинување/намалување на банкарските трошоци и провизии– го ставија во фиока. Кога повторно го поднесовме – ВМРО-ДПМНЕ го одби без да дозволи сериозна дебата во Собранието.

Откако граѓаните со години плаќаат грабеж преку банкарски провизии, одеднаш слушаме дека „треба закон“ и дека сме биле во право.

Прашањето е едноставно: Зошто досега бевте на страната на банките?!? Кој ќе им ги врати парите на граѓаните? Кој ќе ги надомести илјадниците денари што завршија кај банките наместо во семејните буџети?

Не треба да измислувате топла вода. Законскиот текст е веќе напишан. Поднесен е неколку пати. Стои во архивата на Собранието. Земете го, препишете го, поднесете го и под свое име ако сакате.

Ние во ЛДП немаме проблем ако некој ги „краде“ нашите идеи, навикнати сме на тоа.
Кога секој ден правите претстава дека сè во државата „почна од вас“, нека почне и намалувањето/укинувањето на банкарските трошоци и провизии.
Само аман овојпат стварно – направете нешто што навистина ќе им остави повеќе пари во џебот на граѓаните.

#ТвојаСметкаТвоиПари

Photos from Liberalno Demokratska Mladina-LiDeM's post 27/05/2026

✒️На 26 мај, ЛиДеМ ја потпиша Декларацијата за европски вредности на настан организиран од страна на OHRID Institute for Economic Strategies and International Affairs со поддршка на Европската Унија 🇪🇺, испраќајќи јасна порака дека младите се двигател на демократските процеси, политичката култура и европската иднина на Република Северна Македонија.

✊Веруваме дека преку дијалог, меѓусебно почитување и соработка можеме да изградиме подобро, пообединето и европско општество за младите генерации.

Горди сме што испративме заедничка порака за почитување, кохезија и политичка култура.

🟣 ЛиДеМ останува посветена на вредностите на демократијата, еднаквоста, младинското учество и градењето европска иднина за сите.

18/05/2026

Ги одбија нашите закони за приоритетен пристап до здравствени услуги и прегледи, го одбија и законот за проширување на позитивната листа со лекови и суплементи, како и за почесто обновување на ортопедските и индивидуалните помагала според реалните потреби на децата со попреченост и лицата со ретки болести.

Со овие закони баравме барем малку достоинство и олеснување за едни од најчувствителните категории граѓани.

Проблемот не е само во политиката, туку во недостатокот на човечност и совест.

29/04/2026

‼️Шокантните случаи на врсничко насилство во Македонија во последниве месеци се сериозен аларм за сите нас. Понижување, тепање и снимање на деца не смеат да станат секојдневие што ќе го игнорираме.

🟣ЛиДеМ уште пред 3 години, го актуелизира предлогот за ограничување или забрана🚫 на користење социјални мрежи, како тик ток и инстаграм за деца под 15 години, со цел намалување на сајбер-насилството и заштита на нивниот развој.

Ова повеќе не е изолиран проблем, туку длабок општествен предизвик. Насилството меѓу децата станува сè побрутално, а социјалните мрежи📱 дополнително го засилуваат преку јавно понижување и ширење на страв кај жртвите.

Прес изјава за медиумите на Тамара Гарческа, член на Извршен Одбор на ЛиДеМ.

01/04/2026

Кога го предлагавме сите беа скептични и им требаше 4 години да ја прифатат идејата.
Пробуваа да го расипат концептот, да си го препишат на себе како заложба, но на крајот од денот горди сме што е меѓу најискористените мерки и до ден денешен.

⚡ #Скопје1 • Студентите имаат нова можност да аплицираат за субвенциониран студентски оброк, откако Министерството за образование и наука го отвори рокот за пријавување кој ќе трае од 1 до 5 април 2026 година.

Правото на субвенциониран оброк можат да го користат редовните студенти на додипломски студии со месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.

Аплицирањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а право на пријава имаат и студентите кои досега не аплицирале, како и оние на кои претходно им било прекинато правото, но сметаат дека ги исполнуваат условите.

Од Министерството информираат дека деталните критериуми и услови се достапни на нивната официјална веб-страница, а за дополнителна помош студентите можат да се обратат преку електронска пошта.

Воедно, се посочува дека поради новите правила за засилена автентикација при плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да внесуваат ПИН-код при користење на картичките. Доколку ПИН-кодот е веќе познат, не е потребна реактивација.

19/03/2026

Факти!

Очекуван беше изговорот на колегите од мнозинството.

Прво покана за учество на Координативно тело формирано од МВР и МТСПДМ, немам така што лага е изнесена дека не учествувам.

Второ дали кога го носеа ЗОРОДУ им беше важно со колку закони го усогласуваат , па и ден денес да усогласуваат по цели 2 год?!?
Нашиот предлог треба да се усогласи со Кривичниот законик, ЗКП и други.
Но тоа не е пречка за да е прифатен.

Трето алките постојат за системот за пробација и стојат во депо.

Требло пари?
Не колеги, не се работи за пари. Се работи за волја. Како не ви требаат пари за популистички мерки пред избори?!?

Ќе речат – треба повеќе време за системско решение.
Не, не треба. Едноставно е.
Имавте една година да НЕ молчите додека билтените се полнеа со жртви, додека изразувавте жалење за убиени жени – но повторно избравте да не направите ништо.

Доста е од лицемерие.
Доста од празни говори.

Либерално Демократска Партија ЛДП нема да се откаже.
Ако проблемот е што доаѓа од нас, како и многу други предлози – ќе Ви го дадеме, поднесете го вие.

Само не молчете.

Затоа што молкот веќе однесе премногу животи.
И за секој следен случај – ќе ја носите истата одговорност. Затоа што можевте да спречите, а одбравте да молчите.

П.С. Во прилог како е решено и се имплементира на федерално ниво во Босна и Херцеговина.

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Улица Васил Главинов бр. 14/1/7
Skopje
1000