12/10/2023
Аргумент плус - Разговор со Бајрам Реџепи и Антон Чаушевски
Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности ?
12/10/2023
Аргумент плус - Разговор со Бајрам Реџепи и Антон Чаушевски
11/05/2023
03/03/2023
P-TECC (The Partnership for Transatlantic Energy and Climate cooperation), е најважниот евро-американски енергетски состанок-форум каде се дефинираат најважните енергетски проекти и регионалната соработка. Во Загреб, заедно со министерот Крешник Бектеши, со министерката за енергетика на САД, како и со министрите од целиот регион разговаравме за насоките на диверзификација на нашите извори на енергија и итни проекти кои ќе бидат во функција за независност од руски извори. Одржавме билатерални средби со министрите за енергетика на Хрватска, Бугарија и многу други важни актери од енергетскиот сектор.
02/03/2023
01/03/2023
На економскиот форум, што се одржа денес во Скопје, во присуство на премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на панелот за енергетски предизвици разговаравме за тоа што сме направиле да се диверзифицираат изворите на снабдување со природен гас и како да станеме целосно независни од зависноста на рускиот гас.
20/12/2022
Завршна работилница
,,Интерконекција Северна Македонија-Косово"
Денес, во хотел Мериот, се одржа завршна работилница на која присуствуваше заменик министерот за економија на Република Северна Македонија, Зоран Маневски, заменик министерот за економија на Косово, Гетоар Мјеку извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи, претставници од проектните единици од двете држави, претставници од институциите и други.
На оваа завршна работилница консултатите од програмата IPF 9 од WBIF ја презентираа физибилити студијата пред претставниците од двете држави. Со реализацијата на овој проект се овозможува енергетско поврзување на двете земји, регионален развој на пазарот на гас и сигурност во снабдувањето.
07/12/2022
Бизнис форум Северна Македонија - Бугарија "To one billion and beyond".
Учество на Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје во панел дискусија од областа на енергетиката и инфраструктура. На оваа панел дискусија , разговаравме за значајната регионална поврзаност и споделивме ставови и мислења во врска со глобалната енергетска криза.
01/12/2022
Изјава на Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје
Заварување на последна цевка ЛОТ 2 Неготино- Битола
Изјава на Бајрам Реџепи – Директор на НЕР http://vlada.mk/___Влада на Република Северна Македонија на социјалните мрежи:Facebook: www.facebook.com/VladaMKTwitter: www.twitter.com/VladaMKInstagram: ww...
30/11/2022
Денес , заедно со премиерот Ковачевски и министерот за транспорт и врски Бочварски , извршивме увид во заварувањето на последната цевка на делницата Неготино - Битола,со што и завршија градежните работи на оваа делница. Ова практично значи дека делницата од 188км Клечовце - Битола ќе се спои и ќе се стави наскоро во употреба. Исто така, се очекува многу скоро да завршат градежните работи на делницата Скопје- Тетово- Гостивар.
24/11/2022
Извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи, оствари средба со генералниот директор на Народна Банка на Република Грција. На оваа средба изразивме голема благодарност за поддршката која ја дава НБГ. На средбата се разговараше за заедничката соработка и проекти кои треба да се реализираат.
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 08:00 - 16:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 08:00 - 16:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |