16/11/2025
ВМРО ДПМНЕ-МК Подстаница
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ВМРО ДПМНЕ-МК Подстаница, Political organisation, serdarot, Skopje.
16/11/2025
12/11/2025
♥️ Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – почнува новата ера на Скопје!
Почитувани скопјани,
со особено задоволство ве информирам дека денес ја потпишав одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје - булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода.
🛣️ По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа!
Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот.
🚐 Потоа ќе следат следните фази за изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди.
🫡 Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град.
🛣️ Сообраќајницата ќе има шест ленти - четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки.
📌 Ова значи дека сообраќајот ќе се одвива непречено, а центарот на градот ќе се ослободи од гужвите, станувајќи многу покомфорен, побезбеден и поуреден простор за сите.
🫵 Овој за мене е еден од најзначајните проекти - симбол на новото време за Скопје!
✔️ Преродбата на Скопје – започнува!
Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
За Градот убав 🍀
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Serdarot
Skopje
1050
