Управа за заштита на културното наследство

Управа за заштита на културното наследство

Share

Oфицијална страница на Управата за заштита на културното наследство. http://www.uzkn.gov.mk

Photos from Управа за заштита на културното наследство's post 23/04/2026

Скопје 2028 заедничка визија за европска иднина 🇪🇺

Денес директорката на УЗКН Г-ѓа Весела Честоева учествуваваше на меѓународната конференција „Скопје Европска престолнина на културата 2028- култура, урбани политики и одржливи европски градови“.
Директорката на Управа за заштита на културното наследство имаше можност да биде дел од ова суштинска дискусија со експерти и претставници од европски градови за улогата на културата во развојот на современи и одржливи урбани средини.
Управата за заштита на културно наследство како институција има за цел да ги стави во функција двата музеи ( Праисторискиот и Музејот на Отоманскиот период) на Кале и е активен партнер во овој процес, посветен на креирање политики што ќе донесат вистински бенефит за граѓаните.
Заедно го градиме Скопје какво што сакаме да го оставиме на идните генерации.
2028

Photos from Управа за заштита на културното наследство's post 09/04/2026

Почитувани,
По повод Велигденските празници, Управа за заштита на културното наследство Ви упатува искрени честитки со желби за здравје, мир и духовна радост.
Нека празникот на Христовото воскресение внесе светлина, надеж и благослов во Вашите домови, поттикнувајќи нè сите заедно да продолжиме со посветеност во зачувувањето и негувањето на нашето непроценливо културно наследство.
Ви посакуваме празничните денови да ги поминете во спокој, топлина и заедништво со најблиските.
Христос Воскресе!
Со почит,
Управа за заштита на културното наследство

06/04/2026

Во чест на Јасминка Зизовска – Зис,
Со длабока тага се простуваме од нашата драга колешка, која засекогаш ќе остане во нашите сеќавања. Нејзината добрина, топлина и искреност го разубавуваа секој ден поминат со неа. Беше повеќе од колешка – беше пријател, поддршка и светол пример за човечност.
Во 2005 година стана дел од првиот тим на Управата за заштита на културното наследство како инспектор за фрескоживопис, со што даде голем придонес во контролата и заштитата на културното наследство.
Ќе ја паметиме по нејзината пожртвуваност во областа во која неуморно работеше,по колегијаноста што несебично ја делеше со сите нас.
Нека почива во мир. Сочувство до нејзиното семејство и сите што ја сакаа.

Oд колективот на Управата за заштита на културното наследство

Учество на УЗКН на Форум на ИПА III Програмата за прекугранична соработка „Северна Македонија – Албанија 2021–2027“ 26/03/2026

Учество на УЗКН на Форум на ИПА III Програмата за прекугранична соработка „Северна Македонија – Албанија 2021–2027“ На 03.03.2026 година во Кичево се одржа Форум за пребарување на партнери во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка „Северна Македонија и Албанија 2021–2027.....

Одржана јавна презентација на Нацрт – Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за период 2026–2030 26/03/2026

Одржана јавна презентација на Нацрт – Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за период 2026–2030 Денес 18.02.2026 година во Порта Македонија се одржа јавна презентација на Нацрт – Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за период 202...

07/02/2026

Со длабока почит се простуваме од д-р Коста Лазаров Балабанов, истакнат историчар на уметноста и посветен чувар на македонското културно наследство. Неговиот живот и дело оставија неизбришлива трага во науката, културата и колективната меморија на Македонија.

Искрено сочуство до фамилијата.
Вечна му слава.

Грижата за нашето богато културно наследство нека остане заедничка вредност и обврска како темел на нашиот идентитети континуитет 06/01/2026

Грижата за нашето богато културно наследство нека остане заедничка вредност и обврска како темел на нашиот идентитети континуитет   Весела Честоева е дипломирана историчарка на уметноста со археологија, магистрантка на Институтот за национална историја, поранешна пратеничка во Собранието на...

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Улица Павел Шатев бр. 3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30