Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ)

Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ)

Share

The Directorate for Technological Industrial Development Zones (DTIDZ) offer the most competitive business and investment environment in CEE

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата на Република Северна Македонија, управува со Технолошките Индустриски Развојни Зони во Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија има основано четиринаесет зони кои се наоѓаат во различна фаза на изградба.
---
The Directorate for Technological Industrial Development Zones, on behalf of the Government

31/05/2026

⏩️Следете не утре на Bloomberg Adria MKD!

🗣️Директорот Димовски во Понеделник (01.06.2026) во 13:00 часот ќе гостува во емисијата „Zoom in” каде ќе зборува за актуелните инвестициски текови и економските движења во државата.

27/05/2026

🕌Честит Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед!

✨Нека овој свет ден донесе радост, здравје и мир во секое семејство!

24/05/2026

Честит 24-ти мај, денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!

🇲🇰Да продолжиме и понатаму да го чуваме нивното духовно и културно дело - темел на нашата писменост, култура и идентитет.

Photos from Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ)'s post 22/05/2026

🇲🇰🇸🇪Директорот Гоце Димовски говорник на првиот Шведско–македонски бизнис форум во Стокхолм

📌Во организација на Македонија2025 и Шведско-македонската стопанска комора, во Стокхолм се одржа првиот Шведско–македонски бизнис форум, каде свое обраќање имаше директорот Гоце Димовски. Форумот, со цел да ги зајакне економските врски меѓу Македонија и Шведска, обедини компании, инвеститори, институции и претставници на македонската дијаспора, создавајќи конкретни можности за соработка, трговија и инвестиции.

👤Директорот Димовски во своето обраќање ги истакна можностите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони, потенцирајќи дека Македонија останува сигурна и конкурентна дестинација за странски инвестиции, со јасен фокус на поддршка на компаниите, развој на индустријата и креирање нови партнерства. Тој посочи дека зајакнувањето на соработката меѓу меѓународните компании и локалните индустрии е клучно за одржлив економски развој и отворање нови можности за домашните компании, особено преку интеграција во глобалните синџири на снабдување. Воедно, директорот Димовски се осврна и на улогата на ТИРЗ во привлекувањето странски директни инвестиции и поддршката на растот на бизнисот, нагласувајќи дека континуираното унапредување на условите за инвестирање и институционалната поддршка остануваат меѓу главните приоритети за натамошен економски раст и развој.

🧩Дополнително, во рамки на форумот се одржаа и две панел-дискусии посветени на бизнис партнерствата и успешните шведско-македонски соработки, со учество на претставници од компании како PCG International, TK Invest, Sorsix, Dometic, Epiroc, EaseAccess24 и Dori Care.

18/05/2026

🇸🇪🇲🇰Директорот Гоце Димовски говорник на Шведско-Македонскиот Бизнис Самит 2026 во Стокхoлм!

Со долгогодишно искуство во промоција на инвестиции и индустриски развој, директорот Димовски на овогодинешниот бизнис форум ќе сподели вредни согледувања за:

🔹можностите за инвестирање во технолошко индустриските развојни зони

🔹зајакнувањето на соработката меѓу меѓународните компании и локалните индустрии

🔹улогата на ТИРЗ во привлекувањето странски директни инвестиции и поддршката на растот на бизнисот.

📍21 мај | Стокхолм

Photos from Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ)'s post 07/05/2026

Директорот Гоце Димовски дел од Германско-Mакедонскиот Бизнис Самит

🇲🇰🇩🇪Директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на Германско-Mакедонскиот Бизнис Самит, каде во организација на AHK Северна Македонија и Германско-Македонската стопанска асоцијација (DMWV) присуствуваа високи претставници од бизнис-секторот од државава, Германија и регионот.

🎯Со фокус на применетата технологија и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој, настанот беше отворен од Антје Ванделт, истакнувајќи како иновациите, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација ја зајакнуваат конкурентноста, инвестициите и развојот на работната сила.

💬На настанот свое обраќање имаше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека Германија е стратешки партнер на македонската економија, а ваквите настани имаат значајна улога во продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји.

„Германија за нас претставува повеќе од економски партнер. Таа е симбол на индустриска моќ, технолошки развој, дисциплина, иновации и стабилен економски модел кој со децении создава вредност и напредок. Нашата порака е јасна: Сакаме да бидеме сигурен партнер, стабилна економија и држава која ги препознава и поддржува иновациите, технологијата и претприемништвото.“ - истакна премиерот Мицкоски.

🖇️Во рамки на настанот, директорот Димовски оствари повеќе средби со претставници од бизнис заедницата, при што беа разменети мислења и идеи за унапредување на економската соработка, поддршка на инвестициските активности и креирање услови за одржлив економски раст и развој.

05/05/2026

Остварена средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан

🇲🇰🇨🇳Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан. На средбата се разговараше за унапредување на економската соработка, како и за можностите за нови инвестиции во рамки на ТИР зоните.

🎯Директорот Димовски истакна дека продлабочувањето на економската соработка со Народна Република Кина претставува значаен потенцијал за иден раст и развој на домашната економија. Тој посочи дека само преку заеднички напори може да се креираат нови можности за инвестиции, кои ќе придонесат за конкурентноста на двете земји.

💬Амбасадорката Сјаојан изрази задоволство од досегашната соработка и ја нагласи подготвеноста за нејзино понатамошно продлабочување, со фокус на поддршка на нови инвестициски проекти и размена на искуства. Од нејзина страна беше истакната важноста од континуирана комуникација и продлабочување на економските врски, со цел реализација на конкретни проекти во наредниот период.

01/05/2026

Следете нѐ вечерва во 21:30 часот!

Вечерва „ #Бизнис21“ на ТВ21 со Александра Филиповска

Гостин: Гоце Димовски, директор на дирекцијата на #ТИРЗ

Следете не, 21:30 часот на #ТВ21

01/05/2026

Честит меѓународен ден на трудот!

Да продолжиме и понатаму заедно, со посветеност да придонесуваме кон растот и развојот на целата држава. Нека овој ден донесе уште повеќе мотивација за создавање подобри услови за работа и напредок за сите.

29/04/2026

Средба со Чиријако Ло Конте, директор на компанијата Витек

🖇Директорот Гоце Димовски оствари средба со Чиријако Ло Конте, директор на компанијата Витек. На средбата се разговараше за активностите на компанијата, како и плановите за понатамошен развој и потенцијални проширувања.

👤Директорот Димовски нагласи дека поддршката на постојните инвеститори останува еден од клучните приоритети на Дирекцијата за ТИРЗ, при што активно се работи на создавање стабилна и предвидлива деловна средина што ќе овозможи одржлив раст и нови инвестиции. Тој посочи дека континуираниот дијалог со сите компании и натаму продолжува, со цел навремено адресирање на предизвиците и можностите за раст.

💬Од страна на менаџментот на компанијата која работи во рамки на ТИРЗ Скопје 1, беше изразено задоволство за досегашната соработка, при што беа претставени и плановите за во иднина. Чиријако Ло Конте, истакна дека компанијата останува посветена на натамошен развој на своето работење во земјава, како и на унапредување на производствените процеси. Тој нагласи дека позитивната деловна клима и институционалната поддршка имаат значајна улога во растот и развојот на компанијата.

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Булевар Партизански Одреди бр. 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30