19/06/2026
Министерството за спорт успешно реализира уште еден проект од програмата за изградба и обнова на спортската инфраструктура. Велес доби современа атлетска патека според ИААФ стандарди со што во рекорден рок е исполнето ветувањето на министерот Борко Ристовски пред велешките спортисти и спортски работници кои со децении водеа битка за зачувување и реконструкција на овој значаен спортски објект.
Министерот Борко Ристовски заедно со градоначалникот Марко Колев и со најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, денеска официјално ја пуштија во употреба комплетно реконструираната атлетска патека на градскиот стадион во Велес која е направена според највисоки ИААФ стандарди и нуди најсовремени услови за тренинг и натпревари.
Ветувањата имаат тежина само ако ги исполнуваме, порача министерот Ристовски, изразувајќи задоволство од брзата и успешна реализација на овој капитален проект на Министерството за спорт.
https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/realiziran-uste-eden-infrastrukturen-proekt-na-ministerstvoto-za-sport-veles-dobi-sovremena-atletska-pateka-po-iaaf-standardi
16/06/2026
Министерството за спорт е еден од потписниците на Декларацијата за намери за спречување на насилството меѓу младите, што беше презентирана денеска,16 јуни 2026 година, во Скопје, во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ.
Настанот потврдува дека спречувањето на насилството меѓу младите, во сите негови облици, останува врвен приоритет, вклучувајќи го врсничкото насилство, онлајн насилството, психолошкото и вербалното насилство, дискриминацијата, исклученоста и родово заснованото насилство.
Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади, ги обединува Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за спорт кон една заедничка цел – да ја зајакнат соработката меѓу институциите, училиштата, полицијата, општините, младинските организации, граѓанското општество и младите.
https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/potpisana-deklaracija-za-nameri-za-sprecuvanje-na-nasilstvoto-megju-mladite-sportot-kako-najsilna-alatka-za-gradenje-na-zdravi-vrednosti
14/06/2026
Викендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.
На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и голем број рекреативци, штафетни тимови и млади триатлонци во различни возрасни категории.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, ги поздрави учесниците и организаторите на Балканското првенство и им врачи медали на дел од најуспешните балкански триатлонци.
Од Триатлон федерацијата на Македонија изразија благодарност до Министерството за спорт за добрата соработка и поддршката во организацијата на БТА Балканското триатлон првенство во Охрид.
https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/vo-oxrid-se-odrza-bta-balkanskoto-triatlon-prvenstvo-pod-pokrovitelstvo-na-ministerstvoto-za-sport
11/06/2026
По децении запоставеност, култната спортска сала „Расадник“ одново ги отвора вратите како нов дом на спортот, младите таленти и идните шампиони на Македонија.
Министерот за спорт, Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска официјално ја пушти во употреба комплетно реконструираната сала „Расадник“, една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура. На свеченото отворање на салата присуствуваа и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и градначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, активни и поранешни спортисти, спортски работници и љубители на спортот.
Реконструкцијата на спортската сала „Расадник“ претставува значајна инвестиција во спортската инфраструктура и уште една потврда за посветеноста кон создавањe подобри услови за развој на спортот и на младите генерации.
https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/rasadnik-na-sampioni-pustena-vo-upotreba-rekonstruiranata-sportska-sala-rasadnik-vo-kisela-voda
09/06/2026
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје, на кое гостин беше и амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Паоло Палминтери.
На кампот што ќе се одржи од 10 до 14 јуни 2026 година во Тренинг центарот на ФФМ, ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант.
https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/ministerot-ristovski-na-otvoranjeto-na-mladinskiot-fudbalski-kamp-na-ac-milan-vo-skopje-ova-e-retka-moznost-za-nasite-mladi-sportisti-da-ucat-od-evropskite-giganti
08/06/2026
Министерството за спорт, во соработка со Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија, го отпочнува проектот за реконструкција и модернизација на Планинарскиот дом „Титов Врв“ на Шар Планина.
Министерот Борко Ристовски и Н.Е. амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува рамка за соработка во врска со реализацијата на овој важен проект.
https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/konecno-kje-se-rekonstruira-planinarskiot-dom-na-sar-planina-zaednicki-proekt-na-ministerstvoto-za-sport-i-ambasadata-na-avstrija
05/06/2026
Интервју на министерот Борко Ристовски за Радио Лидер
ИНТЕРВЈУ СО БОРКО РИСТОВСКИ: Ќе истрча ли во успеси македонскиот спорт?
Погледнете го најновото издание на Утринско еспресо на Радио Лидер.