Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim

Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim

Share

Protection and Rescue Directorate

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 31/05/2026

ДЗС: Заедничка кампањата со МВР за заштита на шумите пожари

Претставници од Секторот за превенција, планирање и развој при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со претставници од Секторот за превенција при СВР - Скопје, од МВР, на Матка учествуваа заедно во кампањата за заштита на шумите од шумски пожари.

Во рамките на активностите, на граѓаните им беа споделени едукативни материјали и препораки за превенција, со цел подигнување на јавната свест за опасностите од шумските пожари и важноста од одговорно однесување во природа.

Подигањето на јавната свест со вакви кампањи при директен контакт со граѓани во шумски планински терен е во контест на осознавањето дека превенцијата е зедничка одговорност – да ги чуваме шумите и природните богатства.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 25/05/2026

ДЗС: Заедничка кампањата со МВР за заштита на шумите пожари

Претставници од Секторот за превенција, планирање и развој при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со претставници од Секторот за превенција при СВР - Скопје, од МВР, на Средно Водно учествуваа заедно во кампањата за заштита на шумите од шумски пожари.

Во рамките на активностите, на граѓаните им беа споделени едукативни материјали и препораки за превенција, со цел подигнување на јавната свест за опасностите од шумските пожари и важноста од одговорно однесување во природа.

Подигањето на јавната свест со вакви кампањи при директен контакт со граѓани во шумски планински терен е во контест на осознавањето дека превенцијата е зедничка одговорност – да ги чуваме шумите и природните богатства.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 22/05/2026

ДЗС: ДО СИТЕ ХУМАНИ... - ПОТРЕБНА Е КРВ ОД А+ ГРУПА...
Крв (од А+ група) може да се дарува секој ден од 09.00 до 12.00 часот на Клиниката за Трансфузиологија со забелешка, што ќе Ви ја кажат (испратат и како текст) од ДЗС – контакт телефон 071-381-770.
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) овој повик за помош го упатува до сите вработени во ДЗС, но и на други хумани луѓе, коишто се во можност да даруваат.
Истовремено, ДЗС, изразува голема благодарност за Вашата хуманост, за сите дарители на крв од А+ групата со што сите заедно помагаме нашата колешка од Охрид да ја победи болеста што и беше откриена на систематските прегледи во декември минатата година.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 22/05/2026

ДЗС: Безбедно уништени стотици килограми неексплодирани убојни средства (НУС)

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно спроведе контролирано уништување на неексплодирани убојни средства (НУС) на воениот полигон Криволак, пронајдени на подрачјето на Битола, најголем дел на локацијата Тумбекафе.

Станува збор за 1.080 парчиња НУС, меѓу кои рачни бомби и минофрлачки гранати од 60mm од Првата светска војна, со вкупна тежина од околу 500 до 600 килограми.

По преземањето на сите безбедносни мерки согласно стандардните оперативни процедури, средствата беа безбедно транспортирани и уништени од пиротехничарите и дополнителен тим на ДЗС на полигонот Криволак.

ДЗС информира дека околу 10 минути по палењето на фитилот за експлозив, неексплодираните убојни средства целосно се уништуваат, со претходно стручно определени количества соодветен експлозив поставен од пиротехничарите.

На оригиналниот видеоклип се прикажани моменти снимени од агол на пиротехничар на ДЗС, непосредно пред палењето на фитилот и почетокот на контролираното уништување на НУС на воениот полигон Криволак.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 21/05/2026

ДЗС: Во Тетово одбележан Денот на пожарникарите со презентација на опрема и возила на ТППЕ Тетовo

По повод Денот на пожарникарите, на градскиот плоштад во Тетово се одржа настан на кој беа презентирани опремата и возилата со кои располага ТППЕ Тетово.

На настанот присуствуваа раководителот на РДЗС Тетово и вработени од Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС).

Пред присутните граѓани беше изложена целокупната противпожарна опрема и возниот парк, со цел поблиску да се прикаже подготвеноста и капацитетот на тетовските пожарникари.

Настанот предизвика голем интерес кај граѓаните, особено кај најмладите, кои имаа можност одблиску да ги разгледаат противпожарните возила и опрема.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 19/05/2026

ДЗС: од АУЕ-ФОН, покажаа големо внимание при обуката за заштита и спасување со можност за соработка во таа насока

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера, реализираше Основна обука за заштита и спасување, преку Одделението за обука што е во рамките на Секторот за превенција, планирање и развој за вработените на АУЕ ФОН - Универзитет во Скопје,

Обуката се состоеше од наставна програма во дела (теоретски и практичен дел), што ја реализираа предавачите Рамадан Асани и Жаклина Ангеловска од ДЗС. Во теоретскиот дел беа опфатени теми од функционална поставеност на Системот за заштита и спасување, пребарување на затрупани лица под плитки урнатини, евакуација и гаснење почетен пожар. Во практичниот дел сите учесници во обуката вежбаа гаснење пожар со противпожарен (ПП) апарат од специјализирани типови за такви дејства, при што обуката беше целосно реализирана според стандардни оперативните процедури (СОП) на ДЗС.

Инаку, вработените од АУЕ-ФОН, покажаа големо внимание при обуката, а потоа со особено респект кон обучувачите и ДЗС и меѓу другото, изјавија, а потоа и објавија на нивната медиумска „веб“ дигитална платформа за комуникација со јавноста, дека: „Вложувањето во едукација и подготвеност претставува клучен чекор кон создавање посигурна, поодговорна и побезбедна заедница. Заедно градиме култура на безбедност и грижа!“
Истовремено, од АУЕ-ФОН, навестија можност за идна соработка со ДЗС за создавањето креативни мултимедијални дигитални содржини коишто за збогатување на обуката и нејзино доближување до граѓаните согласно нивната возраст, со акцент на обука и на ученици во основните и средните училишта, студентска младина, вработени во разни специфични професионални области и секако за пошироката популација во нашата држава.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 16/05/2026

Доброволно дарување крв на вработени од ДЗС, по повод 21-та годишнина на ДЗС

Вработени од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) доброволно дарува крв по повод 21-та годишнина на Дирекцијата.
Инаку, своевидни рекордери во дарувањето крв се вработени во Подрачното одделение на ДЗС во Тетово.
Конкретно, такви два рекордера во дарувањето крв Дарко Станоевски, (по 80-ти пат) и Бранислав Јакимовски (по 45-ти пат), даруваа крв во просториите на Општинската организација на Црвен Крст Тетово.
Со оваа хумана доброволна постапка дарителите на крв од ДЗС даваат придонес кон подобрата здравствена заштита на граѓаните во име на и нивниот колектив.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 15/05/2026

ДЗС: 21 година постоење

Дирекција за заштита и спасување, (ДЗС) на 16 мај одбележува 21 година постоење.

Денеска, во пресрет на одбележувањето на 21-та годишнина на ДЗС, на вработените се обрати директорот, Стојанче Ангелов со голема благодарност до сите вработени, поранешни и сегашни припадници, а и соработници кои со нивната професионалност и посветеност придонесуваат во исполнувањето на мисијата на ДЗС. Исто така, пригодно, се обратија и заменик директорот Кашмир Салиу и повозрасните вработени, кои се дел од ДЗС уште од самото формирање. Денот на ДЗС симболично е и потсетник на важноста од заедништвото, подготвеноста и хуманоста при заштитата и спасувањето.

Во текот на изминатите две децении, ДЗС континуирано ја реализира својата законска и општествена улога во развојот и унапредувањето на системот за заштита и спасување во Република Северна Македонија, преку превенција, подготвеност и координирано дејствување при природни непогоди, пожари, техничко-технолошки несреќи и други кризни состојби.

Професионалниот ангажман, одговорноста и посветеноста на вработените и припадниците на Дирекцијата претставуваат значаен придонес во заштитата на животите и здравјето на граѓаните, материјалните добра и животната средина, како и во јакнењето на безбедноста и отпорноста на државата.

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 15/05/2026

ДЗС: Обука за гаснење шумски пожари за доброволни и професионални пожарникари во Сежана, Р.Словенија

Во периодот од 12 до 15.05.2026 година, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) организираше обука за 22 доброволни и 10 професионални пожарникари. Обуката се одржа во Обучниот центар на цивилната заштита на Словенија во Сежана.

Пожарникарите беа обучувани за гасење шумски пожари од страна на словенечки инструктори. На обуката беа презентирани техники за гаснење пожари што ги применуваат словенечките пожарникари.

Обуката беше спроведена со цел поефикасно справување со шумските пожари во претстојната сезона во државата.

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Vasko Karangeleski Br. 10
Skopje
1000