ОО ДОМ Штип

ОО ДОМ Штип

Share

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА

23/10/2025

🇲🇰Честит 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба🇲🇰

17/10/2025

Вечерва започнува изборниот молк - но гласот на зелените не смее да замолчи.

"Коалицијата за зелена иднина" ги обедини активистите со оние кои знаат како да се креираат инклузивни политики.

Го имаме гласот на разумот и зелените политики кои обединуваат.

Во недела да излеземе и да го заокружиме бројот 8 - за чист воздух и инклузивни политики. За "Коалиција за зелена иднина". #8

13/10/2025

#ЛокалниИзбори2025 #коалицијазазеленаиднина #Штип #број8

10/10/2025

#коалицијазазеленаиднина #ЛокалниИзбори2025 #Штип #број8

10/10/2025

Милчо — зелена дисциплина и чесна работа за Штип

Штип има потенцијал да биде пример за чист град што создава можности: уредени јавни простори, чиста Брегалница, поддршка за млади и бизниси што иновираат без да загадуваат.

Зошто Милчо?
Бидејќи на Штип му треба човек што ќе ја спои екологија со економија.

Што ќе застапува во Советот на Општина Штип?
• Зелен урбанизам со човечки лик: заштита на зеленилото и реката Брегалница, уредени јавни простори што го ставаат човекот пред бетонот.
• Жив град и фер институции: Вело/пешачки врски низ градот, програми за млади и култура, транспарент буџет и еднакви правила за сите.

Пораката на Милчо:
„Штип не му должи ништо на хаосот. Ќе се борам за ред што ќе се гледа по улици и по реките Брегалница и Отиња. Зелено. Чесно. Заедно.“

04/10/2025

Штип заслужува зелена инфраструктура, чист јавен простор и отчетност од првиот ден. Политика со интегритет и резултати на дело.

Придружи се!

Заокружи го бројот 8!

#Штип #коалицијазазеленаиднина #број8 #ЛокалниИзбори2025

01/10/2025

Доста беше од кампањи што влегуваат во домови со камери и притисоци. Домот е личен простор, а не сценографија за собирање на политички поени. Затоа Коалицијата за зелена иднина нема да објавува фотографии и видеа од посети на домови.

Граѓаните не се трофеи и не се статисти за туѓи партиски профили. Доволно знаеме колку е штетна праксата на „големите“ партии со телефонски закани, списоци, уцени, „задолжителни“ фотографии и политичка трговија со услуги. Ние го прекинуваме тој круг кој ја разорува приватноста.

Никакви притисоци, никакви списоци, никакво „правење услуга“ за фотографија.

Нашата порака е јавен интерес пред привилегии, општина за живеење, а не за преживување. Ако ви е доста од кампањи што понижуваат, а не почитуваат — придружете се на Коалицијата за зелена иднина!

#ЗеленаИднина #безпритисок #приватност #ЈавенИнтерес #општиназаживеење #број8

01/10/2025

Штип за сите - сите за зелен Штип!

#коалицијазазеленаиднина #Штип #број8

01/10/2025

Првпат лице со попреченост е носител на листа за Советот на Град Скопје.

Коалицијата за зелена иднина ја отвора политиката за сите што предолго беа надвор од системот, за нас правата и достоинството не се предмет на партиски калкулации.

Зборуваме за сите ранливи и маргинализирани категории, за етничките заедници, за сиромашните, за сите оние кои поради развојот на попреченостите во политиката се исклучени од јавниот живот.

Инклузија на дело — ист третман и пристапни институции за сите жители.

#коалицијазазеленаиднина #Штип #број8

30/09/2025

Кандидати за советници кои се високо професионални и одговорни!

#коалицијазазеленаиднина #Штип #број8

Want your business to be the top-listed Government Service in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Кирил и Методи 20
Stip