27/05/2026
Завршена е подготовката на улицата за асфалтирање во населеното место Босилово.
Со тампонирање и порамнување на теренот се создаваат услови за квалитетно асфалтирање.
Наредните денови истата улица ќе биде асфалтирана.
Продолжуваме посветено да работиме за побезбедни и подобри услови за живот за сите граѓани.
27/05/2026
На ден 27.05.2026 година (среда) крводарителска акција во Општина Босилово во соработка со Службата за Трансфузиона медицина. Служба за трансфузиона медицина - Струмица и Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Струмица
📍Акцијата ќе се одржи во просториите на Мултифункционален центар БОСИЛОВО (поранешна Пицерија ПАРК) од
⏰ 09:00 до 14:00 часот.
26/05/2026
📢Известување за ларвицидна дезинсекција против комарци.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и општина Босилово ги известува граѓаните дека на 27-ми Мај 2026 година (Среда) со почеток од 10:00 часот ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци на територијата на Општина Босилово.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, а граѓаните да избегнуваат движење во зоните каде ќе се врши третманот.
26/05/2026
Асфалтирана улица во Сарај.
Продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти за подобри услови за живот на сите граѓани.
Во село Сарај успешно е асфалтирана улица која долго време беше барање на жителите. Со овој проект овозможуваме побезбедно и полесно движење за сите жители, како и подобрување на целокупната инфраструктура во населеното место.
Остануваме посветени на рамномерен развој и реализација на проекти во секое населено место.
Оваа е втора улица што се асфалтира оваа година во Општина Босилово. До крајот на годината ќе асфалтираме 15 улици и локални патишта ( Радово - Турново и Турново - Бориево).
Оваа недела ќе се асфалтира улица во Босилово, потоа следува локалниот пат Радово - Турново, понатаму улици во Робово, Еднокуќево, итн.
22/05/2026
Со свечена и пригодна програма, во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Учениците и наставниците преку песни, рецитали, драмски изведби и културно-уметничка програма го оддадоа своето почитување кон светите браќа Кирил и Методиј – сесловенските просветители и темелници на писменоста.
Патрониот празник беше исполнет со радост, гордост и позитивна енергија, а присутните имаа можност да уживаат во талентот, креативноста и трудот на учениците.
Им честитаме на сите ученици, наставници и вработени патрон празник, со желби за уште многу успеси, знаење и убави моменти!
21/05/2026
Денес по повод патрониот празник на ООУ ,,Св. Кирил и Методиј" Иловица, на новиот терен во ПОУ ,,Св. Кирил и Методиј" Турново се одржаа натпревари во мал фудбал, односно мини турнир во мал фудбал. Учество земаа ученици од ПОУ "Св. Кирил и Методиј" Турново, ООУ ,,Св. Кирил и Методиј" Иловица, ООУ ,,Гоце Делчев" Босилово и ООУ ,,Борис Трајковски" Моноспитово од VI до IX одд.
18/05/2026
Санација на патеките во Моноспитовско Блато.
Поради пожарот кој го зафати блатото минатата година, а и поради дотраеност од времето, дел од патеките во блатото се целосно уништени (изгорени), а дел се несоодветни, небезбедни и непристапни за користење.
Изминативе денови започнаа активности за делумна обнова и приспособување на патеките во Моноспитовското Блато.
Во исто време, се работи на нов проект со цел обезбедување на средства за целосна замена, обнова и надградба на патеките и посматрачниците во блатото.
14/05/2026
Во рамки на проектот „Мапирање на човечкиот капитал и идентификување на потенцијалот на младите лица од ранлива категорија во Република Македонија“, кој го реализира Економскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а е финансиран од Министерството за образование и наука на Република Македонија, на 11.05-12.05.2026 година во Општина Босилово се одржаа работилници со млади лица на возраст од 15 до 29 години.
Соработката со Општина Босилово произлегува од претходно склучениот меморандум за соработка во рамки на проектот, со цел заедничко дејствување во насока на поддршка, мапирање и јакнење на потенцијалите на младите лица од ранливи категории на локално ниво.
Работилниците опфатија реализација на фокус група, преку која младите имаа можност да ги споделат своите ставови, потреби, предизвици и идеи поврзани со нивниот личен и професионален развој. Дополнително, учесниците беа вклучени во обуки за кариерно советување, изработка на бизнис план, како и обука од областа на личните финансии, со цел зајакнување на нивните вештини, знаења и можности за идно вработување и претприемништво.
Преку интерактивен пристап, дискусии и практични активности, младите добија поддршка и насоки за препознавање и развивање на сопствените потенцијали, како и за поактивно вклучување во општествениот и економскиот живот во заедницата. Ваквите активности претставуваат значаен чекор кон креирање инклузивни политики и мерки за поддршка на младите лица од ранливи категории, преку поттикнување на нивната едукација, вработливост и општествена интеграција.
13/05/2026
Почитувани граѓани на ден 14-ти Мај (Четврток) со почеток од 18:30 часот на плоштадот во село Иловица ќе се одржи традиционалниот фестивал по повод празникот „св. Атанасиј“.
Вечер посветена на традицијата, корените и душата на македонскиот народ.
Звукот на народната песна, чекорот на орото и убавината на фолклорот ќе создадат атмосфера што се памети.
Дојдете да ја почувствуваме заедно магијата на традицијата и да ја споделиме љубовта кон нашето културно богатство.
12/05/2026
Денес со голема радост и гордост го пуштаме во употреба новото фудбалско игралиште во училиштето во село Турново.
На овој настан присуствуваа и претставникот од FIFA, Elkhan Mammadov, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, кои свеченото отварање го одбележаа со сечење лента.
Овој прекрасен проект е дел од глобалната кампања на FIFA „Football Unites the World“, која ја слави моќта на фудбалот да обединува луѓе, да инспирира и да создава подобра иднина за младите генерации.
Веруваме дека спортот е повеќе од игра — тој е лекција за тимска работа, почит, пријателство и заедништво. Денес Турново добива нов простор за радост, енергија и идни шампиони!
Нека ова игралиште биде место каде што ќе се создаваат убави спомени, спортски успеси и вистински вредности.
11/05/2026
Општина Босилово продолжува со активности за уредување и разубавување на јавните површини во населените места. Во село Турново во тек се активности за уредување на централното подрачје и училишниот двор, со цел создавање поубав и покомфорен простор за сите жители.
Во наредниот период ќе продолжат активностите и за уредување на просторот околу Домот на културата и Болницата во ова населено место.
Со посветена работа и континуирани инвестиции, заеднички создаваме поубава и поуредена општина за сите граѓани.