11/02/2026
Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, согласното Одлуките на Извршниот Комитет, повелете Огласи за кандидирање на Претседатели на ОК, УЖ, УМС и УВ на ВМРО-ДПМНЕ.
Истите се објавени денеска и на нашата веб страница каде ќе ги најдете и потребните обрасци за апликација.
http://vmro-dpmne.org.mk/%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8
Со почит,
#ВМРОДПМНЕ
07/01/2026
ОК ВМРО ДПМНЕ Струмица , ви го честита Божиќ , и ви посакуваме здравје, љубов , мир и успех во секое поле.
Христос се роди!
Навистина се роди!
31/12/2025
Почитувани граѓани,
Во пресрет на Новата година, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија, со порака на заедништво, стабилност и одговорност кон иднината на државата.
Новата година ја дочекуваме во време на сериозни општествени, економски и национални предизвици. Свесни сме дека секојдневието за многу семејства не е лесно и дека од политиката се очекува не збор, туку резултат. Токму затоа нашата заложба е јасна – работиме и ќе продолжиме да работиме за секој поединец, за секое семејство и за секој дел од Македонија. Нема да дозволиме разочарувања, ниту изневерување на довербата на граѓаните.
Ова за нас не е обична политичка борба. Ова е борба на принципите против непринципиелноста. Борба на градењето темели наспроти рушењето. Борба за заштита на националните интереси наспроти нивното разградување. Веруваме дека државата се гради со одговорност, со јасна визија и со почит кон сопствениот народ, а не со импровизации и краткорочни калкулации.
Заедништвото е нашата најголема сила. Само обединети, со заемна почит и солидарност, можеме да изградиме стабилна, сигурна и праведна држава – држава што ќе го вреднува трудот, ќе го почитува достоинството на човекот и ќе создава еднакви можности за сите. Македонија има потенцијал, има луѓе, има знаење и има сила да оди напред.
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на одговорно управување, на економски развој, на социјална сигурност и на создавање услови за подобар животен стандард. Нашата обврска е да градиме темели што ќе бидат цврсти и трајни, темели врз кои ќе се гради иднината на младите генерации.
Во Новата година влегуваме со вера во сопствените сили, со почит кон минатото и со јасна визија за иднината. Веруваме дека со чесна работа, со принципи и со заедништво, Македонија може и мора да биде подобро место за живеење.
Ви посакуваме Новата година да ви донесе здравје, мир, семејна топлина и повеќе сигурност во секој дом. Нека биде година на стабилност, сплотеност и напредок за нашата татковина.
Среќна Нова година!
23/12/2025
Очигледно е дека ОО СДСМ продолжува со паушални обвинувања и селективни толкувања на поимите, наместо со аргументирана и одговорна дебата. Тоа отсекогаш го отсликувало нивниот начин на функционирање. Политичка манипулација и дневнополитички конструкции е единствена преокупација.
Наместо да создаваат конфузија во јавноста, би било корисно ОО СДСМ да се фокусираат на реални политики, решенија и самокритичка анализа на сопственото минато.
Јавноста добро памети како изгледаа практиките на вработување и поставување кадри во претходниот период.
За разлика од порано сега сите ангажирања и именувања се реализираат согласно законските процедури и врз основа на стручни квалификации и професионални капацитети.
Обидите секоја роднинска или лична поврзаност, без никаква институционална или функционална зависност, да се прикаже како непотизам, покажуваат или незнаење или свесно извртување на фактите.
Без расчистување на основни поими и без сериозни внатрешни реформи нивното дејствување во политиката е осудено на пропаст.
23/12/2025
Делегација на Општинскиот Комитет на ВМРО - ДПМНЕ Струмица денеска ги посети децата со попреченост во Центар за поддршка во инклузивното образование , при ООУ "Сандо Масев"-Струмица.
Во пресрет на новогодишните и Божиќни празници заедно со Дедо Мраз симболично си ги честитавме претстојните празници.
Во овие активности со многу љубов ја понесовме пораката дека грижата, хуманоста и солидарноста се нашите трајни вредности.
12/12/2025
Мицкоски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има, ширењето на лажна паника e кривично дело 👇
🔗https://vmro-dpmne.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81-%d0%b8%d0%b7%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b8/3993627773737
07/12/2025
Голема чест е повторно да бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам за довербата и за огромната одговорност што ми ја давате. Партијата денес донесе нова Стратегија и Доктрина, со која создаваме јасна и позитивна идејна основа за иднината.
ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и идеја што се пренесува со генерации. Оваа земја мора да научи да верува во себе, а не да биде зависна од тоа што некој однадвор ќе каже или ќе ни дозволи. Македонија може да успее само ако самата си постави цели, самата си верува и самата ја гради својата иднина.
По долги години предизвици и неправди, народот ни ја довери одговорноста да ја обновиме државата. Нашата обврска е да ја движиме Македонија напред, со енергија, чесност и визија, затоа што задачата пред нас не е партиска таа е државна и историска.
07/12/2025
Мицкоски со порака: Кој мисли дека функцијата се наследува заради блискост, со плетење мрежи и со неконзистентност – греши 👇
🔗https://vmro-dpmne.org.mk/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b2%d1%98%d1%83%d0%b0/5263-8
05/12/2025
18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ претставува ново поглавје во политиката на кој ќе биде донесена новата „Стратегија за Македонија 2030“ 👇
🔗https://vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0/5310-2
29/11/2025
ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче не се грижи за пензионерите, туку оди си од СДСМ
Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреде...