Ученичката Ангела Маказлиева од Струмица со видео на тема: „Мојот омилен руски збор“ учествуваше на креативниот конкурс посветен на рускиот јазик, литература и култура што го распиша Рускиот центар од Скопје, одбележувајќи го 6 Јуни, Денот на рускиот јазик, празник што се слави во чест на раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин, творецот на современиот руски литературен јазик.
Настанот се реализираше со поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица
Препораки за најмладите и за повозрасните читатели! ЛИтеРАтУрА ЗА сеЧИј вКУС!
Потсетување - К О Н К У Р С
Се повикуваат сите вљубеници на пишаниот збор од Република Македонија да учествуваат на наградниот литературен конкурс кој традиционално го распишува Локалната установа Библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица по повод 25 јуни, денот на раѓањето на трагично загинатиот претседател и наш сограѓанин Борис Трајковски на тема:
„СВЕТИЛНИК НА МИРОТ И ПРАВДАТА“
поетска и прозна литературна творба
Конкурсот е за ученици од средно образование и за возрасни автори.
За најдобрите творби во двете категории се предвидуваат:
- една I награда
- една II награда
- една III награда.
Конкурсот ќе трае до 22 јуни (понеделник) 2026 година.
Творбите треба се достават во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ Струмица најдоцна до 22 јуни (понеделник) 2026 година или на адреса: ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“, ул. „Благој Мучето“ бр. 26, Струмица.
Творбите да бидат напишани на компјутер во Word Document, со македонска поддршка во Times New Roman, со 12 фонт и проред 1,5. Творбите треба да бидат потпишани со шифра, а во друг плик да бидат напишани личните податоци на учесникот и шифрата.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 25 јуни (четврток) 2026 година во Струмица, а комисијата ќе ги извести добитниците на наградите за времето на настанот.
12/06/2026
Нов список на лектири за учебната 2026/2027 година
Новиот список на лектири за деветгодишно основно образование ќе почне да се реализира од учебната 2026/2027 година.
🔗 https://deca.mk/spisok-na-lektiri/
09/06/2026
Најубавиот подарок за љубов – ваучер (членска карта) од библиотеката ☺️
Во ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ секогаш можете да купите подарок ваучер (членска карта) за вашите најсакани личности 📖
09/06/2026
👦🏻👧🏼Денот ни започна со една убава посета. Во нашата библиотека дојдоа братче и сестричка. Најинтересен им беше одделот за деца. Ги разлистуваа сликовниците и сами повторно ги враќаа на своите места, поучени од нивната мајка дека се` што ќе се земе, треба да се врати таму каде што припаѓа📚☺️
Разговаравме за тоа што претставува книгата за нив и тие беа среќни да ги споделат своите размислувања.
Средбата ја завршивме во среќна атмосфера, со ветување дека повторно ќе дојдат да позајмат книга.
08/06/2026
Петтоодделенците од ООУ „Герас Цунев“ од Просениково заедно со нивните одделенски раководители Виолета Милева и Верица Крстева ја посетија нашата библиотека и се запознаа со работата на библиотекарите, а се интересираа и за книжниот фонд со кој располагаме. Нивната посета претставува наш поттик во работењето.
08/06/2026
Во организација на НУУБ ,,Свети Климент Охридски” од Битола, на 4 и 5 јуни се одржа Втората меѓународна конференција на тема ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација”. На конференцијата учество зедоа и нашите колешки: Аница Глигорова Милева, библиотекар советник, Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар, Милкица Масева Динчиќ, библиотекар и Емилија Ружинова, библиотекар.
08/06/2026
Во петокот на 5 јуни 2026 година во Домот на АРМ во Струмица се одржа советувањето „Библиотеките - темел на писменоста“ организирано од ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица во соработка со „Просветно дело“ од Скопје. Присутните ги поздрави директорката Васка Кирова. Исто така, беа доделени и признанијата Библиотекар на годината „Павлина Цунева Маказлиева“ за 2025 година на Милчо Јованоски од НУ „Григор Прличев“ од Охрид (јавни библиотеки) и на Ленче Славковска од ООУ „Наум Наумовски Борче“ од Скопје (училишни библиотеки), како и благодарници за развој на библиотечната дејност.
На советувањето нашите колешки Снежана Џорлева и Ани Катранџиева се претставија со свој труд на тема: „Библиотекарот во библиотечните процеси и одделот периодика“.
08/06/2026
СПИСОК НА НАЈБАРАНА ГРАЃА
Избран приод: 01.05.2026−31.05.2026
Оддел за возрасни
1. Сите недовршени нешта - Ребека Јарос
2. Последната љубовна песна – Лусинда Рајли
3. Последните часови - Јелена Бачиќ Алимпиќ
4. Загубените писма - Лорна Кук
5. Странецот - Мелани Добсон
Оддел за деца
1. Обиди се повторно Марвин - Стив Стивенсон
2. Дневникот на едно смотано девојче ,Приказни од една не многу среќна срцекршачка. [Д. 6] - Рејчел Рене Расел
3. Леон во стаклената гора - Жарко Милениќ
4. Мачорот Тане - Лина Димоска
5. Кражба на огромниот дијамант! - Џеронимо Стилтон
06/06/2026
Милчо Јованоски добитник на признанието Библиотекар на годината „Павлина Цунева Маказлиева“ за 2025 - BibliotekaOhrid Вчера во Струмица по шести пат беше доделено признанието библиотекар на годината „Павлина Цунева Маказлиева“, а го добија Милчо Јованоски, виш библиотекар во НУ Б...
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Address
, Благој Мучето“ бр. 26 Струмица
Strumica
2400
Opening Hours
| Monday | 07:00 - 19:00 |
| Tuesday | 07:00 - 19:00 |
| Wednesday | 07:00 - 19:00 |
| Thursday | 07:00 - 19:00 |
| Friday | 07:00 - 19:00 |
