Зоран Љутков

Зоран Љутков

Share

Министер за култура и туризам 🇲🇰
Minister of Culture and Tourism 🇲🇰

Зоран Љутков е роден на 01.10.1977 година во Велес.

Основното образование го завршува во ООУ ,,Васил Главинов” во Велес, и средното образование во СОУ Гимназија,,Кочо Рацин”- Велес. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2001). Запишува постдипломски студии за сценски дизајн на Универзитетот во Белград, Р.Србија (2002).

Работи во Драмски театар- Скопје од 2006. Покрај наста

23/06/2026

Со длабока тага ја примив веста за прераната загуба на Јовица Илиевски.
Искрено сочувство до неговото семејство, блиските и граѓаните на Брвеница.
Ќе остане запаметен како чесен и посветен човек.
Вечен спомен!

23/06/2026

Верувам дека со заедничка посветеност ќе продолжиме да создаваме услови за заштита на културното наследство, развој на современата културна инфраструктура и унапредување на културниот туризам, во интерес на сегашните и идните генерации.

Photos from Зоран Љутков's post 22/06/2026

Секогаш кога сме во Хераклеа, се потсетуваме дека Македонија поседува културно наследство кое има значење далеку надвор од нашите граници. Овој локалитет е жив учебник по историја и цивилизација, место кое повеќе од два милениума ја раскажува приказната за развојот на овој простор.

Ја посетивме со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола, Маргарета Спасов, како и со стручните лица Тони Николовски, Стефан Малбашич и Зоран Алтипармаков.

Наш приоритет е Хераклеа да биде уште подобро заштитена, истражена и презентирана пред домашната и меѓународната јавност.

Заштитата на археолошкото наследство е можност за развој на туризмот и локалната економија. Продолжуваме да вложуваме во локалитети кои ја претставуваат Македонија како земја со исклучително богато историско и културно наследство.

Photos from Зоран Љутков's post 22/06/2026

Јени Џамија е еден од највредните сведоци на богатата и мултикултурна историја на Битола. Тука се преплетуваат различни култури, традиции и историски периоди кои заедно го создаваат идентитетот на градот каков што го познаваме денес.

Затоа, конзерваторските и реставраторските работи што се реализираат овде се од особено значење. Наша обврска не е само да ги зачуваме ѕидовите и архитектурата, туку да го зачуваме споменот на едно време кој го пренесуваме на идните генерации.

Го посетивме овој локалитет со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола, Маргарета Спасов, како и со стручните лица Зоран Алтипармаков, Оливера Макриевски и Јовица Богоев.

Министерството за култура и туризам останува силен партнер во заштитата на културното наследство, затоа што токму ваквите локалитети ја раскажуваат приказната за Македонија пред светот.

Photos from Зоран Љутков's post 22/06/2026

Со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, директорот на Народниот театар – Битола, Васко Мавровски и директорот на Центарот за култура – Битола, Сашо Илковски, го посетивме Кино „Партизан“, местото кое за многу генерации битолчани претставуваше симбол на културниот живот во градот.

Кино „Партизан“ е дел од колективната меморија на Битола. Затоа е особено важно што денес сведочиме на неговото повторно оживување преку проект кој ќе му даде нова современа функција и ќе го врати во служба на сите нас, граѓаните.

Целта е да создаваме простори во кои културата ќе живее секојдневно, преку филмот, театарот, музиката, изложбите и нови креативни содржини.
Инвестицијата во културната инфраструктура е инвестиција во иднината на градот, во младите и во развојот на културниот туризам. Битола заслужува современи културни центри, а токму овој проект е еден важен чекор во таа насока.

Photos from Зоран Љутков's post 22/06/2026

Битола отсекогаш била еден од најсилните столбови на македонската култура, уметност и духовност.

Денешната работна посета ја започнав со средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на која присуствуваше и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски. Разговаравме за тековните проекти, предизвиците и идните можности за развој на културата и културниот туризам во градот.

Во текот на денот ќе ги посетам Кино „Партизан“, Јени Џамија и археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис, три значајни локации кои сведочат за богатото културно наследство на Битола и за инвестициите што ги реализираме за негово зачувување и развој.

Верувам дека со заедничка посветеност ќе продолжиме да создаваме услови за заштита на културното наследство, развој на современата културна инфраструктура и унапредување на културниот туризам, во интерес на сегашните и идните генерации.

Photos from Зоран Љутков's post 21/06/2026

Добро утро Македонијо, од Мегалитската
опсерваторија Кокино.

Изгрејсонцето денес го дочекавме во 6:12 часот, следејќи ja долгоденицата заедно со моето семејство, градоначалникот на Старо Нагоричане Мирослав Славковски, пратеникот Бране Петрушевски, директорката на Музеј Куманово Марија Живачки и директорот на Националниот
конзерваторски центар Александар Јорданоски.

Од одредена точка на локалитетот може да се набљудува изгрејсонцето низ специфичен карпест процеп — феномен кoj е една од најпрепознатливите карактеристики на Кокино. Овој локалитет не е значаен само од археолошки аспект, туку претставува и уникатен спој на културата, науката и природата.

Оваа година се одбележуваат 25 години од откривањето на локалитетот Кокино, значаен јубилеј кoj во текот на 2026 година ќе биде одбележан со повеќе научни, културни и промотивни настани.

Кокино - место каде историјата, природата и вечноста зборуваат без зборови.

Photos from Зоран Љутков's post 20/06/2026

Присуствував на величествената изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на Оркестарот на Македонската филхармонија, која на импресивен начин ја заокружи концертната сезона „Без Филтер“.

Покрај оркестарот на Филхармонија, во проектот учествуваат и музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“, како и хорот на Музичкото училиште од Солун.

Под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, уметниците создадоа незаборавна атмосфера која уште еднаш ја потврди моќта на културата да поврзува, обединува и гради мостови меѓу народите. Впечатлив настап имаа солистите Ана Дурловски, Николас Спанос и Иво Јорданов, чија изведба беше наградена со долготрајни аплаузи.

Ваквите културни настани се силна потврда за значењето на уметноста во општеството и за потенцијалот на регионалната и меѓународната културна соработка. Упатувам искрени честитки до сите учесници и организатори за успешно реализираниот проект и за вечерта која ќе остане запаметена како вистински празник на музиката.

20/06/2026

Македонскиот филм не е само уметност. Тој е нашиот јазик, нашата меморија и нашиот идентитет. 🎬

Од Велес, градот на многу значајни приказни, ја испраќаме поддршката за филмот „Пролетно чистење“, кој ќе ја раскажува македонската приказна пред европската и светската публика. 🇲🇰

Photos from Зоран Љутков's post 20/06/2026

Денес го посетив филмскиот сет на „Пролетно чистење“ -нов долгометражен игран филм во режија на Марија Апчевска Петровска, по сценарио на Марија Апчевска Петровска и Ереник Беќири.

Заедно со градоначалникот Марко Колев и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, имавме можност да се сретнеме со режисерката, продуцентите и филмската екипа и да се запознаеме со процесот на создавање на ова значајно дело.

„Пролетно чистење“ е силна приказна за семејството, загубата, сеќавањата и соочувањето со минатото – филм со голем авторски и меѓународен потенцијал. Проектот е поддржан од Creative Europe MEDIA, SEE Cinema Network и Eurimages, и е реализиран како копродукција со партнери од регионот.

Како Министерство за култура продолжуваме да ја поддржуваме домашната филмска продукција и развојот на македонската кинематографија, бидејќи секој филм е дел од нашата културна меморија и приказна што ја споделуваме со светот.

Want your business to be the top-listed Government Service in Veles?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Veles