Спортската сала што ја делат двете училишта ССОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ беше целосно реконструирана, а по завршувањето на административните процедури за избор на најповолен понудувач, ќе се изврши рекон струкција и на покривот, со цел обезбедување безбедни и функционални услови за спортски активности, зачувување на објектот и создавање пријатна средина за учениците и за наставниците.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС
ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес Political Organization
Езерото Младост отсекогаш било гордоста на Велес, место каде пријатели се собираат и спомените живеат.
Во соработка со ЈПВ Лисиче и ресорното министерство, започнавме со чистење на Отовичка Река и обезбедување нови бушотини за свежа вода, а од клучно значење ќе биде и спојувањето на цевководот што ги поврзува езерата Лисиче и Младост.
Овие чекори значат ревитализација на екосистемот и трајна заштита на највредниот природен ресурс на нашата општина.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Градскиот парк во Велес добива нов лик, лик каков што заслужуваат велешани.
Централна зелена точка во градот каде што го минеме нашето време во спорт, забава и рекреација ќе биде целосно реконструиран и прилагоден за сите.
Со проектот кој целосно финансиран од Општина Велес се предвидува нова посебната тартан-патека за трчање , која е решение на досегашниот сообраќаен метеж и со која ќе сеовозможи паркот да биде пофункционален и побезбеден.
Ќе бидат поставени нови клупи и летниковци, а паркот ќе биде збогатен и со нови спортски и забавни содржини.
Со ова, паркот ќе стане уште привлечен и пријатен простор за сите граѓани кои сакаат да уживаат во природата.
Со овој проект граѓаните добиваат парк кој е уреден, достапен и функционален за сите.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Задниот дел од дворот на училиштето има потреба од реконструкција и
модерно уредување, со што децата ќе добијат уште едно уредено катче за
вршење на училишните активности, рекреација и социјализација.
Во изминатите години во дел од основните училишта се опремија сензорни соби, а оваа практика за опремување сензорни соби со современа опрема и материјали за сензорна стимулација ќе продолжи и понатаму, со цел поддршка на децата со посебни образовни потреби и поттикнување на нивниот психофизички развој и инклузија.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
На само дваесет километри од градот, планината Бреза нуди неискористен туристичко-рекреативен потенцијал.
Започнуваме со пилот проект, востановување на туристички комплекс што ќе ја врати живоста на овој бисер на природата.
Со ревитализација на пристапниот пат, Бреза станува безбедна и достапна за сите љубители на планината, свежиот воздух и автентичното доживување.
Проектот ќе ангажира локални капацитети, ќе создаде нови работни места, ќе донесе поголем туристички промет и ќе обезбеди реални економски бенефити за локалното население.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Спортската сала е гордост на градот, но истовремено е и една од најстарите во Македонија - време е да и го вратиме сјајот.
Во соработка со министерството за спорт, веќе се обезбедени средства за реконструкција на електриката, водоводот и дел од архитектурата во прва фаза, а понатаму ќе се пристапи кон менување на подот.
Со овие инвестиции ќе обезбедиме соодветни услови за тренирање и одржување на домашни и меѓународни натпревари и првенства.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Со цел обезбедување безбедни и современи услови за престој и настава, ќе се
изврши реконструкција на оштетениот дел од покривот на училиштето, со што
ќе се спречатпонатамошни оштетувања и ќе се подобри енергетската
ефикасност на објектот.
Основното училиште „Панко Брашнаров“ е единственото училиште на левата
страна од градот, каде што постојната спортска сала треба да се реконструира.
Со оваа инвестиција учениците ќе можат безбедно и непречено да спортуваат
и да ја реализираат наставата.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Од ова место ја најавувам изградбата на нов пешачки и велосипедски мост кој ќе ја поврзе населбата Речани со Градскиот парк, со што Велес ќе добие нова урбана врска.
Овој мост не значи само подобра поврзаност, туку и зголемени можности за прошетки, рекреација и социјален живот.
Жителите на Речани ќе имаат полесен пристап до паркот, а градот ќе добие уште едно современо место што ги поврзува луѓето и создава нови можности за квалитетно секојдневие.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Изградба на нов паркинг и игралиште за децата на плочата на улица „11 Октомври“
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Рамномерниот развој на секое наше населено место е основа за силна
и обединета Општина.
Денес, овде во Караслари, со гордост најавувам проект за уредување и
реконструкција на влезот во вашето село.
Средствата за оваа инвестиција се веќе обезбедени преку заедничка соработка со Министерството за транспорт.
Со ова ќе ја направиме првата слика за Караслари достоинствена, ќе им олесниме на сите што секојдневно патуваат и ќе отвориме нови можности за развој и опстанок на ова прекрасно велешко село.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Рамномерниот развој на Општината е од клучно значење.
Токму затоа од ова место го најавувам проектот за реконструкција на влезот во село Мамутчево, за што веќе се обезбедени финансиски средства во соработка со Министерството за транспорт.
Со овој проект значително ќе придонесеме за опстанок и развој на ова велешко село.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Иванковци заслужува повеќе.
Ова живо село во Општина Велес има своја иднина – а таа започнува со децата. Затоа предвидуваме изградба на ново училиште за учениците од I до IX одделение – модерна зграда со квалитетни услови. Но тука не застануваме.
Со реконструкција на влезот во селото ќе обезбедиме уреден и модерен изглед, достоинствен за секој жител и добредојден за секој гостин.
Ова е грижа и посветеност за иднината на Иванковци.
#ВистинскиотИзбор
#ТвојотЧовек
#твоетоМесто
#ЗаТвојатаИднина
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Address
8ми Септември
Veles
1400
Opening Hours
| Monday | 18:00 - 21:00 |
| Tuesday | 18:00 - 21:00 |
| Wednesday | 18:00 - 21:00 |
| Thursday | 18:00 - 21:00 |
| Friday | 18:00 - 21:00 |
| Saturday | 18:00 - 21:00 |
| Sunday | 18:00 - 21:00 |
