28/05/2026
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од недела, 31 мај, до недела, 7 јуни, освен за дистрибутери до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.
Општина Велес со апел до граѓаните да се почитува забраната за возила и замолува за разбирање додека траат спортските игри.
28/05/2026
Плазма Спортските игри за млади пристигнуваат во Велес
Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади.
Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.
Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години.
„Денот на спортот“ ќе се одржи денес, четврток, со почеток во 10:00 часот. Зборното место е гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.
На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Велес, Марко Колев, ракометната легенда, Пепи Манасков фудбалската легенда Панче Ќумбев и други спортски имиња.
Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.
По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип и со денешниот спектакл во Струмица, спортскиот караван пристигнува во Велес.
Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Велес – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.
Велес, се гледаме денес – да создадеме нови спортски приказни!
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!
Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на https://sportskiigrizamladi.com/
27/05/2026
Одржан ораторски натпревар за средношколците по повод Денот на сесловенските просветители
Мај272026По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Општина Велес организираше ораторски натпревар за учениците од средните училишта во ....
27/05/2026
Се известуваат граѓаните дека поради одржување и подготовки на атлетската трка „Трчаме за Рацин“, потребно е да се ослободи десната коловозна лента на потегот од Трговскиот центар, долж улицата „Благој Ѓорев“, се до Театарот.
За таа цел, се апелира навремено да се отстранат сите паркирани возила од овој потег. Истовремено, се молат граѓаните да не ја користат десната коловозна лента за паркирање во периодот од 28.05 (четврток) до 31.05 (недела), односно се до финалното завршување на трката.
Оваа мерка се спроведува со цел обезбедување услови за непречена подготовка, како и максимална безбедност на сите учесници во спортската манифестација.
22/05/2026
НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ - Општина Велес
Општина Велес и годинава им оддаде признание и ги награди најдобрите во образованието. Во чест на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј, во Општи...
20/05/2026
ОБЈАВА бр.3/2026 (втора објава) за давање под закуп на деловни простории во објект Градски пазар кои се наоѓаат на КП 5264 - Општина Велес
Врз основа на член 2, став 1, точка 4 алинеја 1 и член 4 и член 36 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопс...
20/05/2026
ОДБЕЛЕЖАН 20 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ - Општина Велес
Со показни вежби и презентација на возила и опрема, денеска, територијалната противпожарна единица Велес го одбележа 20 мај, Денот на пожарникарите. На свечениот на....
18/05/2026
Територијалната противпожарна едница Велес, на 20 Мај, ќе го одбележи Денот на пожарникарите.
Настанот ќе се одржи во просториите на ТППЕ Велес со почеток во 10:00 часот.
ТППЕ ВЕЛЕС ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ, 20 МАЈ - Општина Велес
Со показни вежби и презентација на возила и опрема, Територијалната противпожарна едница Велес, на 20 Мај, ќе го одбележи Денот на пожарникарите. Настанот ќе се одрж....
18/05/2026
16. ИЗДАНИЕ НА MOTO BEACH PARTY ВИКЕНДОВ НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО - Општина Велес
Викендов Велес беше центар на мото културата, се одржа 16. издание на Moto beach party на велешко езеро Младост. И покрај дождливото време над 1.000 мотоциклисти од повеќе клуб...
15/05/2026
СЕ АСФАЛТИРА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“ - Општина Велес
По завршувањето на земјените зафати и поставување на рабници денеска се става прв асфалтен слој на вториот дел од улица „Белградска“. Претходно, на овој дел од ули...