11/03/2026
Нашата Ana Arsova ❤️✊️
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЛК СДММ Виница, Political Party, Vinica.
11/03/2026
Нашата Ana Arsova ❤️✊️
14/01/2026
🌟 ЗАЕДНО ВО НОВАТА ГОДИНА - СО ХУМАНИТАРЕН ПРИСТАП! 🌟
📅 Датум: 15.01.2026
⏰ Време: 18:00 часот
📍 Место: партиските простории на СДСМ Виница
🌟 ЗАЕДНО ВО НОВАТА ГОДИНА - СО ХУМАНИТАРЕН ПРИСТАП! 🌟
Драги пријатели, симпатизери, членови на нашата политичка партија и наши коалициони партнери,
Како што ја испраќаме оваа година, се потсетуваме дека нашата политичка борба не е само за промени на политичкиот план, туку и за изградба на општество засновано на солидарност, хуманост и заедништво.
Oрганизираме хуманитарен настан, каде што ќе се собереме не само за да се дружиме, туку и да помогнеме на оние на кои им е најпотребна поддршка. Собраните финансиски средства и донесените производи ќе бидат донирани на социјално ранливи категории граѓани, кои се во најтешка состојба.
📅 Датум: 15.01.2026
⏰ Време: 18:00 часот
📍 Место: партиските простории на СДСМ Виница
Вашиот придонес ќе значи многу за оние на кои им е најпотребна помош.
Да ја испратиме старата година со добри дела, како што го заслужува нашето општество и да ја започнеме Новата година со нова политичка свест – свест за еднаквост, правда и солидарност.
🧡 Да се бориме за општество каде што сите граѓани ќе бидат еднакви и ќе имаат еднакви можности.
07/01/2026
Нека овој ден нека донесе многу здравје и љубов, мир и хармонија, надеж и благосостојба во сечиј дом ❤️
✨ Христос се роди – Навистина се роди. Честит Божиќ, за многу години! 💫
Овој ден не е само потсетник на годините што поминале, туку на генерации кои одбраа да се борат, а не да молчат.
Да градат, а не да рушат.
Да веруваат, дури и кога е најтешко.
Среќен Роденден СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија ✊🏼🌹
Остани единствена!
Виница нема да избира кандидати што се кријат!
Затоа што Виница бара чесност, искреност и транспарентност.
Број 5 - за сè она што го бараме и сакаме сега да го видеме, а не да биде уште полошо!
#заокружиброј5 #ГоцеМилевскизаВиница
Бираме мудро - гласаме за број 5!
17/10/2025
Во недела силата е во рацете на граѓаните!
Да излеземе масовно и да гласаме за број 5 – за сигурен чекор напред! ✊🏼🌹🇲🇰
11/10/2025
📢 СДММ Виница повикува – младината е двигателот на промените!
На 13 октомври во 18:30 часот, сите млади да се собереме во Домот на култура (сина сала) и да бидеме гласот што ќе ја придвижи Виница напред! 💪
Ова не е само политички собир – ова е момент да покажеме дека младите не бегаат од проблемите, туку ги решаваат. Да чуеме конкретни планови за иднината, можностите и шансите што ги заслужуваме тука, дома. ✊
📍 Не останувај на страна – дојди, слушни, прашај и биди дел од промената!
А на 19 октомври, заокружи 5️⃣ и гласај за иднина што почнува со нас – младите!
📢 Собир за Виница – време е за ,,Борба за нашиот дом"!
Драги сограѓани,
На 13 октомври (понеделник), со почеток во 18:30 часот во Домот на култура (сина сала), Виница ќе биде центарот на надежта, решенијата и промените што сите ги посакуваме! ✊
Ова не е само уште еден политички настан – ова е средба на луѓе што веруваат дека Виница може и мора подобро. Средба на луѓе што сакаат нашите деца да останат тука, младите да имаат иднина, а секој од нас да живее во уреден и достоинствен град.
🎤 Ќе зборуваат:
Зоран Стоименов – носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата
Гоце Милевски – кандидат за градоначалник на општина Виница
Венко Филипче – претседател на СДСМ
🔴 Ќе слушнете конкретни решенија за проблемите што со години се туркаат под тепих.
🔴 Ќе дознаете како Виница конечно може да тргне напред – со работа, визија и одговорност.
🔴 И што е најважно – ќе бидете дел од тимот што ја гради иднината.
💪 Време е да покажеме дека Виница не се помирува со "доволно добро“ – таа заслужува најдобро!
🗳️ На 19 октомври заокружи 5️⃣ – но пред тоа, дојди на 13-ти и стани дел од промена што почнува со тебе!
#СеБоримеЗаНашиотДом #Виница #СДСМ #ЛокалниИзбори2025 #Заокружи5 #ВремеЕЗаПромени