11/06/2026
🚨 Нова манипулација од градоначалникот Митко Костадиновски!
Почитувани виничани,
По 5 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Митко Костадиновски во Општина Виница, ЈП „Солидарност“ е оставено со долг од 19,8 милиони денари. Денес се претставува помош од 3,2 милиони денари како голем успех, но вистината е поинаква.
Не може да се фалите дека спасувате и го помагате ова претпријатие кое самите го доведовте во ваква состојба.Овие средства не се подарок туку заостанат долг кој вие од ДПМНЕ го направивте и одамна требаше да биде во целост исплатен.
❗ Наместо помош, граѓаните добија:
💧 Покачување на цената на водата за 30%
🌳 Нови давачки за зеленило
📈 Повисоки комунални трошоци
Како резултат на тоа, многу семејства денес плаќаат и над 500 денари повисоки сметки месечно.
📢 Граѓаните на Виница секојдневно ги гледаат резултатите од овие погубни политики. Наместо самопофалби, време е да се преземе одговорност и да се подмират долговите.
Платете го долгот, наместо да се фалите со тоа што требало одамна да го направите.
01/06/2026
🎭 Кога една културна установа не е во состојба самостојно да состави неколку реченици за сопствена објава, па текстот целосно го презема од ChatGPT, се поставува прашањето дали проблемот е во недостатокот на време, креативност или елементарна посветеност?
🪄 Алатките можат да помогнат, но не можат да ја заменат автентичноста и личниот печат што една институција треба да го има во својата комуникација со јавноста.
29/05/2026
📢 Почитувани жители на Општина Виница,
На вчерашната седница на Советот на Општина Виница беше донесена измена на Годишниот план за вработување и беше изгласан ребаланс на Буџетот од советниците од Дпмне.❗
👉 Иако во изминатиот период градоначалникот Митко Костадиновски тврдеше дека нема да има нови вработувања, тоа очигледно не е така.
📌 Веќе од понеделник ќе започнат со работа 4 нови лица, меѓу кои и лице кое беше инволвирано во пожарот во „Пулс“ во Кочани, а одреден период беше и во притвор и суспензија.
📈 Со измените на планот, покрај овие 4 лица, до крајот на годината се предвидуваат уште 7 нови вработувања.
💰 Токму затоа, со ребалансот на Буџетот, средствата за плати – кои и сега изнесуваат огромни 60 милиони денари (околу 1 милион евра) – ќе се зголемат за уште дополнителни 100.000 евра на годишно ниво.
➡️ Тоа значи дека за плати во Општина Виница ќе се трошат околу 1.100.000 евра годишно!
🏗️ Во Виница, освен проектите наследени од претходните градоначалници, со кои постојано се фали Митко Костадиновски, нема ниту еден позначаен нов проект.
❌ Наместо нови проекти:
➡️ нови 11 вработувања
➡️ нови унапредувања
➡️ рекордни суми за плати
А сето тоа ќе го плаќаат граѓаните. 👥
🗣️ Баравте — гледајте.Тоа е Виница
28/05/2026
📍 На денешната 9-та седница на Советот на Општина Виница, советничката група на СДСМ предложи два амандмани 📄
✅ Првиот амандман предвидува еднократна финансиска поддршка за сите матуранти од средното училиште во Виница 🎓
✅ Со вториот амандман се предлага наградување на најуспешните ученици од четирите основни училишта и средното училиште во општината 👏📚
Вкупно 10 ученици би добиле бесплатно едукативно патување – екскурзија ✈️🌍
❌ Иако советничката група на ДПМНЕ призна дека предлозите се добри и издржани, сепак не собра храброст да гласа „за“ и да даде поддршка на матурантите и најдобрите ученици.
💸 Очигледно, средства има за репрезентации и нови партиски вработувања, но не и за младите и иднината на оваа општина.
28/05/2026
Повторно потценување на интелигенцијата на граѓаните на општина Виница. 🤦♂️
Во објавата што ја сподели градоначалникот Митко Костадиновски, јасно се гледа дека ќе се прска терестички, со возило низ градот а не авионски. 🚜🦟
До кога мислите дека граѓаните на Виница се наивни и дека ќе повторуваат сè што ќе им кажете? Не се сите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Во Виница има и неутрални граѓани, како и поддржувачи на други политички и невладини организации, кои размислуваат слободно и критички. ☝️
Со една пумпа ќе испрскате неколку грмушки, две дрва и една ливада, а ќе потрошите 150.000 денари и ќе објавите дека „нешто функционира“. Срамота е вакво потценување на Виничани. 😡
Кажете си отворено дека нема да има авионско прскање, а парите ќе се користат за партиски вработувања. Толку е едноставно. 🎭
И ова лето, Виничани сами нека се чуваат од комарци и болести, затоа што очигледно авионско прскање нема да има, додека општината и градоначалникот трошат пари на други работи. 🦟⚠️
26/05/2026
📢 Почитувани љубители на фудбалот во Виница,
ФК Слога 1934 повторно испаѓа од Втората во Третата македонска фудбалска лига. За многу навивачи ова не е само спортски неуспех, туку отвора сериозни прашања за работењето и управувањето со клубот.
⚽ Граѓаните имаат право да добијат одговори:
📌 Што се случи со најавуваното спонзорство од Турција и дали има јавен извештај за тие финансиски средства каде и како се трошени?
📌 Како се потрошени средствата што во изминатите години биле издвојувани за клубот од страна на Општина Виница околу 10 милиони денари во последните 5 години?
📌 Дали постои детален и јавно достапен финансиски извештај за сите трошоци?
📌 Дали е точно дека за угостителски услуги и други оперативни трошоци биле потрошени значителни милионски суми и дали тие расходи биле оправдани?
📌 Дали е точно дека за превоз биле исплатени повеќе од 2,5 милиони денари и дали постоела транспарентна постапка за избор на превозник? Во јавноста се поставуваат и прашања околу наводите за поврзаност на превозникот со лица блиски до локалната власт (кум на Градоначалникот Митко Костадиновски) – очекување е овие дилеми јавно да се расчистат.
❗ Наместо резултати и развој, клубот повторно пропаѓа и се соочува со испаѓање. Навивачите, младите фудбалери и граѓаните заслужуваат отчетност, транспарентност и јасен план за иднината на клубот.
📍Фудбалот во Виница заслужува многу повеќе од неспособно водство предводено од Вмро-Дпмне.
24/05/2026
Нека ни е честит празникот на светите Кирил и Методиј - сесловенските просветители, творци на писменоста и чувари на духовноста.
Вечна благодарност за нивното дело!
23/05/2026
Почитувани припадници на влашката заедница,
Во име на СДСМ Виница упатуваме искрени честитки по повод Денот на Власите.
Овој ден претставува признание за богатото културно наследство, јазикот, традицијата и историјата на влашката заедница, која со својата посебност значајно ја збогатува мултикултурната слика на нашето општество.
Нека овој празник биде потсетник за важноста на меѓусебната почит, соживотот и заедништвото меѓу сите заедници. Гордоста на Вашиот идентитет нека продолжи да се негува и пренесува на идните генерации.