27/05/2026
Што пишувал Христо Татарчев во Торино 1930 година
„Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на неговите дедовци и прадедовци. Индивидуалноста на македонскиот народ, која е резултат на значајни сили што дејствувале низ вековите, е зачувана и до денес, а ќе се зачува и во иднина. Зошто во него живее оној невидлив и незнаен од никого дух, кој ја создаде неговата судбина. Имено тој дух, заедно со духот на безбројните херои кои паднаа за слободата на Македонија, кој лебди над нашата убава земја, го зачувува во Македонецот светиот огин за слободата, ја зачувува безусловната љубов кон татковината во Македонецот, за да ѝ служи саможртвено, групиран околу својата веќе историска револуционерна организација, од провидението предопределена со мисијата да ги постигне слободата и независноста на Македонија. На тој начин не само што ќе се создаде правда и справедливост за достојниот македонски народ, туку ќе се создаде и мир на Балканскиот Полуостров.
Денес љубовта на Македонецот кон татковината не е само чувство, туку и долг кој лежи врз неговата мисла и волја, стимулирајќи ги неговите дела. Тој татковински долг налага стегната организација, ред и дисциплина. Македонија ќе биде извлечена од денешните нејзини владетели-тирани преку упорна борба на целокупниот македонски народ. Во единството на силите на сите Македонци е нашата сила и нашата победа“.
27/04/2026
27-ми Април. Припреми за промена на името режирано од страна на странските служби и домашните предавници. 6000 кривични пријави на луге кои го штитеа Уставот и не дозволуваа гласање на Претседател на Собранието на Република Македонија со 59 гласа ЗА. Целта беше внесување на страв меѓу Македонците и нивно парализирање, недостаток на реакција при потпишување на предавничкиот Преспански договор со Грција и двата протокола со Бугарија. Лугето кои невини уште капат по затвори заслужуваат огромен споменик на сред плоштад во Виница, кој ќе сведочи низ времето за нивната саможртва. Да се надеваме дека овој глас ќе стигне до градските власти. Вашиот ЛАЈК е подршка за оваа иницијатива.
27/02/2026
Да се потсетиме. На денешен ден пред 8 години некои излегоа на улиците против промена на името. Други не продадоа за ситни лични интереси како што се вработување, унапредување, бизнис, хонорари... со изговор дека сакале влез во ЕУ. Трети тражеа разни изговори да си останат на топличко дома и да плукат на фејсбук против тие што излегоа на улици, а држават никогаш повеќе нема да биде тоа што беше пред 8 години.
Само тие што излгоа на улиците имат чувство дека не направиле се што можеле да направат. Вторите и третите не чувствуват ништо за Македонија.
27/02/2026
https://vinica.gov.mk/index.php?view=article&id=974:trka-na-5km&catid=12
Општина Виница - Трка на 5км
Почитувани,Пријавивање за Трка 5 км Повелете пријавете се! https://forms.gle/3RsVoHmChdQRMHtk9 ПРОГРАМА И ОПИС НА ПАТЕКАТА – ТРКА 5 КМ ВИНИЦАСтартот на трката е од Градскиот стадион...