04/09/2026
Малини во Преспа – нов почеток!
Изминативе недели на две прекрасни парцели во с. Царев Двор и с. Наколец рацете ни беа полни со работа – посадивме 800 садници од реномираната сорта Виламет!
Ова е само првиот чекор во нашата голема приказна за диверзификација на земјоделството во Преспа. Со свежи идеи, квалитетни сорти и многу љубов кон земјата, продолжуваме да градираме нови плантажи и да создаваме уште побогата и поразновидна преспанска приказна.
Следниот период носи уште многу нови садници, нови парцели и нови можности!
Кој знае, можеби токму овие малини ќе станат најслаткиот дел од Преспа во иднина.
📌Активноста е дел од Програмата , финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia и имплементирана од UNDP MK во партнерство со CNVP Foundation
📌 Проектот "Рурални Жени за одржлив развој на Преспа" е финансиран од CNVP и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
12/20/2025
Четири дена дружење, истражување, запознавање и разменување рецепти со жени од трите страни на Преспанското Езеро. Традицијата и храната исти, а сепак различни. Песните и ората исти, а сепак различни. Целото наше доживување е многу тешко да се искаже во неколку слики, но периодов што доаѓа ќе работиме на нешто што ќе не зближи уште повеќе и детално ќе покажеме што се научивме од инспиративните жени од Мала Преспа во Албанија и Преспес во Грција.
„Green Spirit Prespa" е проект финансиран од Delegation of the European Union to North Macedonia а спроведуван од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Go Green - Биди Зелен во партнерство со здруженијата Spirit of Prespa, Рурални Жени од Преспа и National Association for Incoming Tourism of Macedonia
11/07/2025
Кетеринг - традиционална храна 🤩
10/26/2025
Два незаборавни дена во прегратката на Преспа! Во Нивици, Герман, Антартико, Лемос и Микролимни уживавме во магијата на природата и топлината на локалната заедница.
Се поврзавме со инспиративните рурални жени од регионот, разменивме кулинарски тајни и уживавме во уникатните вкусови на традиционалниот фестивал "Вкусовите на Преспа" каде ги претставивме и нашите специјалитети.
Голема благодарност до Општина Преспес од Грција за срдечната покана и прекрасниот пречек!
Се враќаме дома полни со спомени и нови пријателства.
🇪🇺 Активноста е дел од Програмата , финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia и имплементирана од UNDP MK во партнерство со CNVP Foundation
10/15/2025
🌻 Среќен Ден на Руралната Жена!
🍎 Денес ги славиме силните, посветени жени кои со својата работа и љубов ги одржуваат нашите рурални региони живи.
👩🏼🌾 Нивната сила е нашата инспирација!
10/13/2025
На 30.09.2025 имавме состанок со ЈП Македонски Шуми, подружница Преспадрво во Ресен. Дискутиравме за правилно однесување во шумата и одржливо собирање на шумски плодови, се со цел да не и наштетиме на природата.
🇪🇺 Активноста е дел од Програмата , финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia и имплементирана од UNDP MK во партнерство со CNVP Foundation
09/27/2025
Денес бевме дел од волшебниот Преспански Јаболкобер, вистински празник што ја слави душата на Преспа!
Со гордост ги претставивме нашите традиционални јадења, полни со автентични вкусови, кои ги воодушевија сите посетители.
Атмосферата беше исполнета со радост, мирис на свежи јаболка и топлина на преспанската традиција!
🇪🇺 Активноста е дел од Програмата , финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia и имплементирана од UNDP MK во партнерство со CNVP Foundation
09/12/2025
Изминатите два дена имавме состаноци со фирмите "Роза Канина" и "Агро Мото Трејд" од Ресен каде се дискутираше за потенцијална соработка, односно откуп на планинскиот чај, малинките и боровинките кои ги култивираме.
🇪🇺 Активноста е дел од Програмата , финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia и имплементирана од UNDP MK во партнерство со CNVP Foundation
08/25/2025
Три дена дигитална авантура.
Завршивме инспиративна обука за дигитални вештини, каде ги разбудивме нашите креативни идеи. Научивме како да создаваме професионални објави што го крадат вниманието на социјалните мрежи, да дизајнираме менија што мамат погледи и да ја искористиме моќта на вештачката интелигенција за да го подигнеме нашето работење на следното ниво.
Со новите знаења, подготвени сме да ги впишеме нашите идеи во дигиталната реалност и да создадеме нешта што ќе остават свој белег.
Оваа обука е поддржана од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT како дел од проектот "Руралните жени за одржлив развој на Преспа".