05/17/2026
„Градот како сцена” е активност во рамките на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд за периодот 2024–2028. Меѓу партнерите на платформата се Tiiiit! Inc./Прво па женско, OTM – On The Move, Jednostavno rečeno, LOKOMOTIVA и Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Градот како сцена | Кооперативна иднина во Скопје | АКТО, ФРУ, STEALTH.unlimited
Во мај 2026, кино-салата на Железничката станица во Скопје беше домаќин на работилница и јавна лекција за кооперативното живеење, организирани во рамките на ...
05/14/2026
📍Скопје, мај 2026. Во кино-салата на Железничката зграда се одржаа работилница и јавна лекција во рамките на платформата „Градот како сцена”, организирана од АКТО и ФРУ.
🔴Архитектонското дуо STEALTH.unlimited, Tiiiit! Inc. и локални организации го поставија прашањето: може ли кооперативниот модел на живеење и енергетска самодоволност да се вкорени и во македонскиот град?
Скопје замислува кооперативен град: станари, задруги и заедничка енергија - Trn.mk
АКТО, Tiiiit! и STEALTH.unlimited во Скопје разговараа за станбени и енергетски кооперативи. Видео од работилницата и јавната лекција во Железничката станица, мај 2026.
05/12/2026
https://www.facebook.com/share/p/1JJagHHu9a/
💥 💥 💥 ОТВОРЕН ПОВИК за наградата ДЕНЕС 2026 за млад/а визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Северна Македонија до 35 години
Организациjaта Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA) Residency Unlimited, Њујорк
Trust for Mutual Understanding, Њујорк
⚡️⚡️ со задоволство го објавуваат Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2026 за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Северна Македонија до 35 години.
🔴 Отворениот повик трае од 16 април до 31 мај, 2026 година, резултатите за тројцата финалисти ќе бидат објавени на 5 јуни, 2026 година.
🔴 Пријавувањето е на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSegB0W_r2PBYYQYxz38GNNfNeib8iiuO37Np3yRR6oyDyAyuQ/viewform?usp=sharing&ouid=103103182802573074123
🔴 За сите прашања можете да се обратите на: [email protected] или [email protected] или да ја консултирате веб страната: www.akto–fru.org
05/08/2026
Вечерва во киното на Железничката зграда!
Проекција и дискусија посветени на алтернативните начини на заедничко живеење - Нова Македонија
Вечерва, во 20 часот, во киносалата на железничката станица (ул. Борка Талевски 26, Скопје) ќе се одржат филмска проекција и дискусија посветени на кооперативното дому...
05/07/2026
АКТО, Градот како сцена- Урбана утопија: - Trn.mk
Во Архитектонскиот факултет во Скопје ќе се одржи јавна лекција на STEALTH.unlimited за алтернативно домување, енергетски кооперативи и нови урбани модели на заеднички жи....
05/06/2026
Премиерата на перформансот „Железничарот на крајот на светот“ ќе се одржи во киното во Железничката зграда - Слободен печат
Проектот „Железничарот на крајот на светот“ е перформативен радиоесеј, чија премиера ќе се одржи на 5 мај (вторник), во просторот на киното во Железничката зграда в...
05/06/2026
👉 Работилница за кооперативна иднина: архитекти и уметници замислуваат свет во 2033.
👉 Работилница за кооперативна иднина: архитекти и уметници замислуваат свет во 2033
💭 Меѓународната пракса STEALTH.unlimited води дводневна сесија во кино-салата на Железничката станица, со фокус на женски-водени задруги и заедничко живеење во 2033.
🔗Линк во комнентар
04/22/2026
Локомотива отвора повик за куратор(к)и за учество во петтото издание на меѓународната школа „Курирање во контекст“ — школа за промислување, курирање и изведување современа уметност.
Локомотива отвора повик за куратор(к)и од Северна Македонија за учество во петтото издание на меѓународната школа „Курирање во контекст“ — школа за промислување, курирање и изведување современа уметност.
Ова издание се одвива под темата Futuring New Worlds / Иднинување нови светови и повикува на имагинацијата како радикална алатка за преосмислување на начинот на кој живееме заедно — во нашите заедници, општества и на Земјата.
Преку две семинарски сесии, менторски средби, предавања, разговори и соработки, избраните учесници ќе работат со уметници, куратор(к)и, ментор(к)и и предавачи од локалната и меѓународната сцена, а програмата ќе заврши со презентација во рамки на Перформанс Платформа Фестивал.
Програмата обезбедува: менторска поддршка, симболичен кураторски фонд, покриени трошоци за патување и сместување за сесијата во Струга.
📍 Скопје: 11–14 мај 2026
📍 Струга: 31 август – 4 септември 2026
📩 Апликации на: [email protected]
🗓️ Рок за аплицирање: 26.04.2026
❗Возрасна граница: до 29 години
Повеќе инфомации на: https://wp.me/p9Jen5-22C
Меѓународната школа „Курирање во контекст“ 2026 година е поддржана од проектот „Democracy in Action“ финансиран од Европската Унија во рамки на HORIZON-CL2-2024-DEMOCRACY-02; проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд; Фондацијата Хајнрих Бол; Универзитетот за уметности во Брауншвајг; zukunft.niedersachsen; Performance Situation Room / проект LLB 3 финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија; и Europe House финансиран од Европската Унија; u КСП Центар-Јадро. Содржината/изразените мислења во овој текст никогаш не можат да се толкуваат како ставови на донаторите.
#Локомотива
Heartefact Fund Embassy of Switzerland in North Macedonia
Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo
Kunstwissenschaft HBK Braunschweig
Life Long Burning
Creative Europe
02/17/2026
ЕКОЛОШКИ ИДНИНИ
ФОКУС ВО СКОПЈЕ
Фокусот е ставен на т.н. „Железничарска зграда“ – напуштен, руиниран поранешен кино-салон во станбена зграда од 1940-тите години, изградена по моделот на градинарски град и сместена централно во Скопје. Бидејќи градот страда од недостиг на соседски средишни точки и простори за независната културна сцена, особено за млади уметници и активисти, овој простор стана симбол на урбаните иницијативи во последните години. Паралелно беа поставени прашања за политичките димензии на јавниот простор, промените предизвикани од различни интереси на моќ, како и недоволната граѓанска партиципација. Се нагласи и значењето на заедничкото наследство за идентитетот на градот. Реактивирањето на вредности како грижа и колективност потсети на модернистичките визии од минатото. По земјотресот во 1963 година, Скопје беше познато како „град на солидарноста“. Но тоа наследство со години се уништува. „Железничарска зграда“, која го преживеа земјотресот, претставува симбол на визионерска архитектура на заеднички живот и користење на просторот – денес загрозена од големи станбени блокови и трговски центри.
Активности 2024–2025 2024: Симпозиуми и изложби, како и работилници за архитектонски, економски и организациски можности за реактивирање на поранешното кино. 2025: Во рамките на проектот „Градот како сцена: еколошки иднини“ организацијата Fakultet za raboti što ne se učat (FRU) преку платформата AKTO организираше бројни активности. Тие ја истражуваа урбаната трансформација преку еколошки и социјално праведни практики. Проектот предизвика голем интерес кај населението; германски партнери се вклучија и презентираа позитивни примери од нивното секојдневие.
28.–31. мај 2025: Работилници со студенти од Архитектонскиот факултет – УКИМ, водени од Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси (Floating University Berlin). Практични вежби и сценографски интервенции истражуваа нови форми на урбан живот и користење јавни простори. На 28 мај се одржа јавно предавање на колективот за урбана практика и колективни пристапи. На 31 мај програмата заврши со перформативна презентација – колективно готвење и претставување на резултатите од работилницата „Иднината на киното“.
Јуни 2025: Предавање „Ре-акомодација на културни актери“ од Миодраг Куч (ZK/U) и Конрад Браун (Haus der Statistik). Двајцата презентираа берлински примери каде што објекти се трансформираат во простори за култура, образование, социјални активности и домување. ZK/U (Центар за уметност и урбанистика, Берлин-Моабит, од 2012) служи како независен резиденцијален и проектен простор за уметници и како платформа за размена меѓу глобален дискурс и локална практика. Haus der Statistik (Берлин) се смета за модел-проект за нова дефиниција на јавната сопственост и за социјално праведна, разновидна и одржлива урбана развојна политика.
Фестивал Октомври 2025 2.–5. октомври 2025: Гостин Даниел Кунерт (ARCH+, Берлин). Годишната програматика се фокусираше на екологија, интердисциплинарност и активирање на јавниот простор, со посебен акцент на киното во „Железничарска зграда“ како симбол на изгубена модернистичка утопија и како потенцијален заеднички простор. Програма: предавања, изложби, просторни интервенции, дискусии, филмски проекции, музички перформанси и заедничко готвење. Октомври: Дискурсен програм „Како се прави?“ со учесници од Скопје, Белград, Загреб и Берлин; потоа „Јадеме солидарно“ – перформативно готвење. Навечер филмска проекција „Vitic tanzt“ од Борис Бакал со дискусија за архитектурата како простор на отпор и заедништво. Октомври: Јавна интервенција „Каков град?“ со едукативна и музичка програма и live-готвење. Проекција на ретки кратки филмови („Early Film – Cined Origins“) отвори дискусија за филмот како медиум и заедничко наследство. Завршница со „Маалски перон“ – еднодневно бистро што ги обедини локални иницијативи, музичари, уметници и издавачи.
Goethe-Institut останува посветен на поддршката на локални иницијативи за културна и урбана трансформација и ја продолжува својата работа во рамките на проектот „Ecological Futures“.
Ecological Futures - Goethe-Institut Северна Македонија
Ecological Futures Еколошки иднини Филип Јовановски Фокус во Скопје Фокусот е ставен на т.н. „Железничарска зграда“ – напуштен, руиниран поранешен кино-салон во станбена ....
12/31/2025
✨Почитувани колеги, партнери, студенти, драги пријатели. Ви благодариме повторно за поддршката и партнерството во оваа многу возбудлива година за сите нас!
✨Беше задоволство да се работи на сите активности, да се запознаеме со нови луѓе, уметници, студенти да размениме идеи кои отворија нови инспиративни визии за иднината.
✨Ви посакувамe многу среќа во годината што следи
Се гледаме во 2026
Тимот на ФРУ / АКТО