EU Support for Rule of Law

EU Support for Rule of Law

Share

Strengthen the rule of law in the Republic of North Macedonia

22/06/2026

Инклузивната заедница се гради преку системски решенија. Пробацијата овозможува контролиран процес на реинтеграција, намалувајќи го ризикот од социјална исклученост.

#Пробација #АлтернативниМерки #ЕУсоТЕБЕ

Инклузивната заедница се гради преку системски решенија. Пробацијата овозможува контролиран процес на реинтеграција, намалувајќи го ризикот од социјална исклученост.

#Пробација #АлтернативниМерки #ЕУсоТЕБЕ

Photos from ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ's post 17/06/2026

👏 Вчера беа доделени вредносни ваучери на студентите кои учествуваа во конкурсот за дизајн на постери посветени на промоцијата на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството.

Конкурсот беше реализиран во соработка помеѓу Комисија за спречување и заштита од дискриминација и Европски универзитет Скопје, а избраните студентски трудови беа изложени во Галерија Остен, со што нивните креативни пораки допреа до пошироката јавност.

Преку поддршката на младите креативци, проектот продолжува да придонесува кон подигнување на јавната свест за човековите права и еднаквите можности за сите.

Честитки до сите студенти за нивната посветеност, талент и придонес кон оваа важна иницијатива!

#ЕУсоТебе

Photos from Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration's post 16/06/2026

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за јавна администрација, направивме значаен чекор кон понатамошно зајакнување на капацитетите на јавната администрација за примена и унапредување на човековите права.

Во рамки на настанот беше промовирана и новата онлајн алатка за е-учење за човекови права, развиена со поддршка од проектот.

Платформата ќе им овозможи на административните службеници континуирано стручно усовршување и практично знаење за примена на принципите на еднаквост, недискриминација, отчетност и почитување на човековото достоинство во нивното секојдневно работење.

Преку ова партнерство продолжуваме да ја поддржуваме изградбата на професионална, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација, во која почитувањето на човековите права е составен дел од институционалната култура и работење.

🇪🇺 Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија.

#ЕУсоТебе

Homepage - Rolaw - EU Support for Rule of Law 09/06/2026

Луѓето не се сведуваат на една постапка. Преку пробација, фокусот се става на промена на однесувањето, а не на трајна етикета - што е клучно за вистинска рехабилитација.

Пробациската служба работи на индивидуализиран пристап, во соработка со други институции и служби.

#Пробација #АлтернативниМерки #ЕУсоТЕБЕ

Homepage - Rolaw - EU Support for Rule of Law EU SUPPORT FOR RULE OF LAW The objective of the project is to strengthen the rule of law in North Macedonia. The project is designed to support vital institutions operating in the fields of justice, law enforcement, anti-corruption efforts, and the promotion and protection of fundamental and human r...

Photos from Државна комисија за спречување на корупцијата's post 04/06/2026

📢 Заедно со ДКСК ги презентиравме резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето.

Кампањата, спроведена од 7 до 28 април 2026 година, постигна значителен досег преку дигиталните платформи – над 717.000 лица достигнати преку Meta, повеќе од 3,3 милиони импресии и над 71.000 интеракции, како и дополнителни над 1 милион импресии преку Google Display Network.

Во рамки на активностите беа одржани и четири тркалезни маси со засегнатите страни, каде беше истакната потребата од понатамошна едукација, поголема примена на Законот за лобирање и унапредување на регулативата.

Проектот продолжува да ја поддржува промоцијата на транспарентноста, интегритетот и отчетноста како клучни вредности за добро управување и спречување на корупцијата.

Photos from EU Support for Rule of Law 's post 03/06/2026

Заедно со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се одржа конференцијата „Од стратегија до имплементација: Зајакнување на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, на која беа претставени новата Комуникациска стратегија и новото лого на институцијата.

Стратегијата, подготвена со поддршка на експертите од Компонента 1 на проектот, претставува значаен чекор кон поотворена, потранспарентна и поефективна комуникација со јавноста, во согласност со европските стандарди и добри практики.

Конференцијата собра претставници на Јавното обвинителство, Здружението на јавните обвинители, Академијата за судии и јавни обвинители, како и медиумски професионалци. Посебен придонес дадоа и високите претставници на Јавното обвинителство на Република Португалија, кои ги споделија своите искуства и добри практики во областа на институционалната комуникација.

Настанот следеше по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу јавните обвинителства на Северна Македонија и Португалија, со што дополнително се зацврстува партнерството меѓу двете институции и се отвораат нови можности за размена на искуства, експертиза и заеднички активности во повеќе области од заеднички интерес.

#ЕУсоТебе

21/05/2026

Луѓето не се сведуваат на една постапка. Преку пробација, фокусот се става на промена на однесувањето, а не на трајна етикета - што е клучно за вистинска рехабилитација. Пробациската служба работи на индивидуализиран пристап, во соработка со други институции и служби.
#Пробација #АлтернативниМерки #ЕУсоТЕБЕ

Луѓето не се сведуваат на една постапка. Преку пробација, фокусот се става на промена на однесувањето, а не на трајна етикета - што е клучно за вистинска рехабилитација. Пробациската служба работи на индивидуализиран пристап, во соработка со други институции и служби.

#Пробација #АлтернативниМерки #ЕУсоТЕБЕ

Photos from EU Support for Rule of Law 's post 20/05/2026

🎨 Подигнување на свеста за еднаквост преку уметност ✨

На 19 мај, КСЗД, Европскиот универзитет Скопје и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ја отворија изложбата на постери за промоција на еднаквост и недискриминација во Галерија ОСТЕН. 🖼️

На изложбата се претставени 25 постери изработени од студенти на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, после предавањето и дискусиите со КСЗД за еднаквост, дискриминација и човекови права. 🤝

Инспирирани од темата, студентите доставија 45 дела во кои ги претставија своите гледишта за еднаквоста и улогата на КСЗД, од кои 25 беа избрани за изложбата. 📜

Повеќе од 50 посетители присуствуваа на отворањето, претворајќи ја галеријата во простор за дијалог, креативност и подигнување на свеста за правото на недискриминација. 💬🌍

📍 Изложбата е отворена во Галерија ОСТЕН до 3 јуни
🕙 понеделник – петок | 10:00–17:00

#ЕУсоТебе

Комисија за спречување и заштита од дискриминација
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

18/05/2026

🎨 Придружете ни се на отворањето на изложбата на студентски постери посветени на промоција на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството.

📅 Вторник, 19 мај | 19:00📍 @Остен, Скопје

25 студенти од Факултетот за арт и дизајн при ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ преку својата креативност испраќаат силни пораки против дискриминацијата.

Изложбата е организирана од Комисија за спречување и заштита од дискриминација и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

✨ Се гледаме во гелерија Остен!

#ЕУсоТебе

Photos from Министерство за правда's post 16/05/2026

Реформите во правосудството се важен чекор кон посилен и поефикасен судски систем. Преку стручна анализа и широк дијалог, може да се создадат решенија што ќе работат во интерес на граѓаните и владеењето на правото.

#ЕУсоТебе

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Vasil Glavinov 14/10
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00