North Macedonia Film Agency

North Macedonia Film Agency

Share

Primary objective of the North Macedonia Film Agency is to stimulate and support the development of

Агенцијата за филм е основана со Законот за филмската дејност (сл. Весник бр.82/2013). Своето работење го почнува на 01.01.2014 година како правен наследник на Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија.

Основната цел на Агенцијата за филм е развој и унапредување на филмската дејност во Република Северна Македонија. Преку континуираната поддршка на производството на филмови од национален ин

Photos from North Macedonia Film Agency's post 20/06/2026

„Домаќинство за почетници“ е извонредно филмско остварување кое ги истражува различните слоеви на идентитетот - полот, етничката припадност, сексуалната ориентација и религијата, отворајќи важни прашања за љубовта, прифаќањето и припадноста.

📌 22 јуни (понеделник) 19:00 📍Cineplexx (Влезот е бесплатен.)

#КиноПонеделник #ФилмМК

Photos from Зоран Љутков's post 20/06/2026
19/06/2026

Не пропуштајте ја можноста да го погледнете наградуваното остварување на Горан Столевски, филм препознаен за своето храбро и автентично прикажување на различностите, етничките заедници, родовиот идентитет, љубовта, пријателството и семејството во сите негови облици.

ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ - бесплатна кино проекција 22 јуни | 19:00 📍 Cineplexx 🎟️ Влезот е бесплатен.

Ве очекуваме заедно да уживаме во уште едно значајно остварување на современата македонска кинематографија.

#КиноПонеделник #ФилмМК

18/06/2026

Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ на Горан Столевски.

📌 22 јуни | 19:00 часот 📍Cineplexx 🎟️ Влезот е бесплатен.

Дина е принудена да ги одгледува двете ќерки на својата партнерка, иако никогаш не тежнеела да биде мајка. Како што се судираат нивните индивидуални волји, се појавува трогателна приказна за борбата на едно необично семејство да остане заедно.

#КиноПонеделник #ФилмМК

Photos from North Macedonia Film Agency's post 18/06/2026

Отворен е повикот на SEE Cinema Network | SEE Cinema Network за финансиска поддршка на долгометражни играни филмски проекти во развој!

Како долгогодишна регионална иницијатива која повеќе од 20 години го поттикнува развојот на меѓународни копродукции и соработката помеѓу филмските професионалци од Југоисточна Европа, SEE Cinema Network им овозможува нови можности и на македонските продуценти преку членството на Агенцијата за филм во мрежата.

Право на учество имаат продуценти и продукциски компании од земјите членки на мрежата, а поддршката е наменета за проекти што се развиваат како копродукции помеѓу најмалку две земји членки.

Краен рок за поднесување на апликациите: 15 септември 2026 година

Повеќе детали на линкот подоле: https://filmagency.gov.mk/Отворен-повик-за-аплицирање-во-see-cinema-network-2026/

Photos from North Macedonia Film Agency's post 18/06/2026

Генералното собрание на Европската аудиовизуелна обсерваторија се одржа на 11. јуни во Осло, Норвешка, по повод претседателствувањето на Норвешка со Советот на Европа.

На собранието учествуваше и националниот претставник на Македонија во мрежата, Вероника Бучковска.

Во пресрет на настанот беше организирана конференција на тема „Protecting Young People from Online Harm in an Open and Safe Public Sphere“, посветена на предизвиците и можностите за заштита на младите од штетни содржини во дигиталниот простор, а покрај работниот дел, беше организирана и свечена вечера во чест на претставниците на земјите-членки.

Агенцијата за филм е членка на Европската аудиовизуелна обсерваторија и активно учествува во нејзините активности, придонесувајќи кон развојот на европскиот аудиовизуелен сектор и медиумските политики.

European Audiovisual Observatory - Observatoire européen de l'audiovisuel

17/06/2026

„Помеѓу два филма - за одржување на филмска практика и градење соработки“ | професионална средба и мастерклас

19 јуни (петок) | 10:30 часот📍 Кино „Вардар Филм“

Во рамки на Фестивалот на француски филм, во соработка со Францускиот институт и Агенцијата за филм, ќе гостуваат француските режисери Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи, како и актерите Алекси Маненти и Андреа Коси. Разговорот ќе го модерира Деана Поповска.

Настанот е наменет за режисери, актери, сценаристи, продуценти, студенти и сите љубители на современото европско кино.

📩 Потврдете го вашето присуство на [email protected]

Агенција за филм - Професионална средба и мастерклас „Помеѓу два филма – за одржување на филмска практика и градење соработки“ 17/06/2026

„Помеѓу два филма - за одржување на филмска практика и градење соработки“ | професионална средба и мастерклас

19 јуни (петок) | 10:30 часот📍 Кино „Вардар Филм“

Во рамки на Фестивалот на француски филм, во соработка со Францускиот институт и Агенцијата за филм, ќе гостуваат француските режисери Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи, како и актерите Алекси Маненти и Андреа Коси. Разговорот ќе го модерира Деана Поповска.

Настанот е наменет за режисери, актери, сценаристи, продуценти, студенти и сите љубители на современото европско кино.

📩 Потврдете го вашето присуство на [email protected]

Повеќе детали:

Агенција за филм - Професионална средба и мастерклас „Помеѓу два филма – за одржување на филмска практика и градење соработки“ Агенцијата за филм и Фестивалот на француски филм при Францускиот институт со задоволство ве покануваат на професионалната средба и мастерклас „Помеѓу два филма ...

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


8 Mart No 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30