30/10/2026
🎭 ВЕЧЕРВА – ПРЕМИЕРА!
РАСПРОДАДЕНО!
„ЧЕТИРИ СЛИКИ НА ЉУБОВТА“
Лукас Берфус
Режија: Александра Кардалевска
📅 Петок, 30 октомври 2026 година
🕗 20.00 часот
„Четири слики на љубовта“ е бескомпромисна вивисекција на машко-женските односи и своевидна хроника за смртта на љубовта во современиот свет. Свет што ја слави минливоста, а ја презира трајноста, во кој сè е инстантно, потрошно и заменливо, дури и човечката блискост.
Низ четири слики на човечката интимност, претставата ја истражува тенката граница меѓу љубовта и поседувањето, нежноста и суровоста, копнежот за блискост и стравот од вистинско поврзување.
Но, дали навистина умира љубовта или само нашата способност да сакаме?
Aлександра Кардалевска
Ви благодариме за огромниот интерес!